Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од партијата.За да оцениме дали сме задоволни треба да знаеме што сме затекнале, за да одиме напред мора да знаеме што ни оставиле од владата. Во владата предводена од СДС здравството беше особено тема благодарение на тогашниот министер за здравство Венко Филипче, сега претседател на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ
-Посебна специјалност на Филипче беше местењето тендери. Тој беше препознатлив по низа на контроверзни тендери. Филипче со тендер сакаше да ја продаде стерилизацијата или одговорноста за стерилизацијата во сите здравствени институции да се даде една контроверзна фирма. Направи повеќе тендери ги подели институции, некои и му поминаа и сето тоа го направи на целосно контроверзен начин односно преку целосно спорен тендер на крајно сомнителна фирма, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Филипче во ниту еден момент не одговори на прозивките со јасни детали, иако се поврзуваше со со контроверзниот албанскиот бизнисмен Филип Рапај во врска со тендерот за стерилизација.
-Стеризлизацијата е клучна во медицината станува збор за стерилизирање на инструменти, операциски сали, облеката на лицата, но зошто Филипче би го интересирало такво нешто, односно здравјето на граѓаните. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина, велат од партијата.