strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Возачот кој ја уби Фросина може да добие до 20 години затвор: Вo петок јавна расправа за законски измени за зголемена безбедност во сообраќајот
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Возачот кој ја уби Фросина може да добие до 20 години затвор: Вo петок јавна расправа за законски измени за зголемена безбедност во сообраќајот
ХРОНИКА

Возачот кој ја уби Фросина може да добие до 20 години затвор: Вo петок јавна расправа за законски измени за зголемена безбедност во сообраќајот

Објавено February 4, 2025 08:38
strana.mk
Сподели
Сподели

За најтешко кривично дело во областа на безбедноста на сообраќајот и тоа со умисла ќе одговара 20-годишниот возач, кој минатата недела на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, ја прегази 22 годишната студентка од Неготино, Фросина Кулакова, која веднаш им подлегна на повредите.

За истрагата за делото, за кое се сомничи Васил Јованов, кој во моментов отслужува 30-дневен притвор во КПУ Затвор „Скопје“, вчера на прес-конференција информираше државниот јавниот обвинител Љупчо Коцевски. 

– Се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од досегашните докази, за Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело сторено со умисла. Токму затоа, Обвинителството во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Истрагата е поведена за кривично дело од областа на сообраќајот, меѓутоа сторено со умисла, рече Коцевски.

Согласно оваа кфалификација на делото сторителот според Кривичниот законик може да добие затворска казна од четири до 20 години.

Коцевски вчера изрази уверување до јавноста и до семејството дека постапката ќе биде ефикасна и Обвинителството ќе инсистира на најстрога казна.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло. Настанот предизвика револт во јавноста, особено по сознанијата дека сторителот и претходно бил во судир со законот.

Во петокот Кривичен му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на осомничениот,  заради, како што наведе, постоење на основите од чл. 165. Ст.1. т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото. Кривичен се огласи и во однос на претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот, при што напомена дека Јованов на 31.07.2024 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска и тоа за две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка.

Станува збор за Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се засметува и времето поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година. Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба само во однос само на кривичната санкција. Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелацискиот суд Скопје, од каде се уште не е вратен на евентуално извршување, појаснија од Кривичен.

Согласно евиденцијата на Судот, Јованов не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела. Од Кривичен минатата недела напоменаа дека до овој момент до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на сообраќајот, а лицето е евидентирано, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир.

Коцевски, пак вчера на прес-конференцијата во врска со тоа зошто била запрена кривичната постапката за Васил Јованов, тој одговори дека постои законска одредба во Законот за кривична постапка за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање.

– Сакам јавноста да биде правилно информирана. Значи, не е запрена кривичната постапка, не е отфрлена кривичната пријава. Има законска одредба во Законот за кривична постапка, за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде што е запретена казна од една година затвор или парична казна, во согласност со оштетениот, јавниот обвинител го повикува оштетениот, и доколку оштетениот не бара штета, тогаш јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање, со тоа што му дава решение на сторителот во одреден рок да плати одредена парична сума, која ќе ја определи јавниот обвинител согласно неговите можности. Доколку во тој рок се плати износот што е определен со решението, тогаш против тој сторител не се презема кривично гонење. Вака ги решаваме 90 отсто од случаите, рече Коцевски.

Сепак немањето брза реакција од страна на надлежните за претходниот судир со законот, а потоа и сообраќајката, која доведе до губење на животот на Фросина прездивика револт во јавноста, што доведе до спорење на одлуката, која ја донела судијката, а револтот беше изразен и со протести кои се одржаа во Скопје, но и во родниот град на Фросина Кулакова, Неготино, како и во Кавадарци.

Илјадници граѓани во неделата во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“. Низ толпата можеа да се забележат најразлични транспаренти како „Безбедноста е право, не привилегија“, „Нема веќе неказнивост“, „Прошка нема, правда мора да има, доста е“,„Не умираме од несреќа, умираме од корупција“, и „Нема правда, нема мир“, преку кои граѓаните изразија, револт и надеж за промени. Слични пораки имаше и во Неготино и Кавадарци.

Министерот за правда ја разреши судијката Алексовска Стојановска од работната група за измени на КЗ

Министерот за правда Игор Филков, вчера информира дека донел одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судијката која му судела на возачот што ја прегази Кулакова, со цел како што рече, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост.

Со разрешувањето на судијката тој истакна дека не лоцира одговорност кај неа за пресудите што ги донела, туку во прашање е оптимизација на работните групи за што поскоро да се излезе со предлог закон. Останува на ставот дека нема да се меша во работата на Судскиот совет и затоа, вели, апелира до нив да си ја вршат својата работа.

Денес се обраќам не како министер за правда туку како граѓанин и родител. Ги повикувам судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кој ќе се преиспита целиот случај со прерарно загината Фросина. Истовремено денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда судијата чие име ја бранува јавноста. Судијата беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измени на Кривичниот Законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик со кој очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството. Загриженоста ја упатувам затоа што сметам дека крајно време е надлежните институциите да покажат дека се подготвени да преземат мерки со цел лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност. Одговорност мора да се утврди и тука нема компромис. Граѓаните очекуваат правда, а институциите се должни да испорачаат брзо правично и транспарентно, рече Филков на денешната прес-конференција.

Коцевски вчера на прес-конференцијата прашан за тоа дали Обвинителство ќе оформи предмет за судијката Даниела Алексовска Стојановска одговори дека во моментов нема сознанија дека е отворен предмет, затоа што нема индиции за сторено кривично дело.

– Во моментот немам сознанија дека е отворен предмет против судијката, затоа што во овој момент немаме никакви евентуални докази за некакви индиции, односно сомнение во однос на оваа судијка. Нема елементи и индиции за сторено кривично дело. Доколку има, Јавното обвинителство стои на располагање, рече Коценвски.

За случајот со Фросина, кој ја прели чашата на незадоволство од правосудниот систем и спората правда, вчера се осврнаа и претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, како и директорката на Академија за судии и обвинители Ирина Трајковска Стрезоски.

Камбовски изјави дека Судскиот совет ќе ги разгледува сите случаи каде има сомневања за пропусти од страна на судии за изречени пресуди, а казнената политика на судовите треба да биде предмет на сеопфатна анализа.

– Се работи за случај кој што ја потресе целата држава, сите сочуство изразуваме до семејството. Не би сакал сега во вакви моменти на чувства што ги има кај сите граѓани да се носат некои избрзани одлуки или заклучоци. Не се добри да се прават такви некои брзи промени во законот, рече Коцевски прашан за револтот кај јавноста во врска со случајот со Фросина Кулакова, која беше жртва на сообраќајна незгода и за тоа дали ќе се воспостави ред во судството, поради изрекување на казни за сторителите коишто често одат под определениот минимум.

Прашан конкретно за судијката Алексоска Стојановска дека дала преблага казна во претходен случај за сторителот на ова дело и дали ќе се истражува нешто околу таа цела ситуација, тој истакна дека не е запознаен со случајот, кои биле доказите, каков бил настанот и не би се осудил да коментира во врска со одлуката се додека не го види целиот предмет, но рече дека ќе се разгледува секој случај каде има пропусти. 

– Сигурно дека ќе се разгледува, секаде каде што има пропуст ќе се санкционира. Сите се залагаме за владеење на правото. Не познавам никој што се согласува со вакви состојби да ни се случуваат, вели Камбовски.

Прашан дали Судски совет ќе ја повика на разговор конкретната судијка тој не сакаше да прејудиуцира за постапките на Судскиот совет за предметот. 

Трајковска Стрезоски, пак на прашање дали е можно да се бара одговорност кај судијката како што бараат граѓаните во однос на првиот случај со младиот возач, таа кажа дека за одговорност на судијата сега не би требало да станува збор, затоа што како што вели, судијката ја познава лично, професионално работи, ја смета за една од подобрите судии, но сепак, вели, тоа е одлука на Судскиот совет.   

TAGGED:васил јовановпартизанскафросина кулакова
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Миноски: Концепт „Наше дете“
Следна статија За 72 часа Санторини го погодија 39 земјотреси посилни од 4 степени според Рихтер, околу 9.000 луѓе го напуштија островот

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Видевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

Еден од обвинетите за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Боре Видески негираше вина и било каква…

March 24, 2025
ХРОНИКА

Малолетник доби притвор за тешки кражби низ скопските згради

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за поведување…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Загина 16-годишно момче од Охрид: со мопед излетал од пат и удрил во метален столб

Денеска во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и…

July 17, 2025
ХРОНИКА

81-годишна скопјанка измамена за речиси 2 милиони денари

81-годишна жена од Скопје вчера во полиција пријавила дека е измамена за сума од 1.709.090 денари, информира Министерството за внатрешни…

December 21, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?