На 28.06.2025 во 20.00 часот на ул. „Булевар Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода К.С.(69) од Делчево. При вршење на увид на сообраќајна несреќа, утврдено е дека додека К.С. управувал патничко возило „шевролет спарк“ со делчевски регистарски ознаки, бил под дејство на алкохол, односно дека има 2,41 промили алкохол во крвта.
Исто така, на 29.06.2025 во 03.15 часот на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода З.Н.(58) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки , што го управувал З.Н. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.80 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.