strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: „Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > „Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)
ЗАБАВА

„Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)

Објавено July 7, 2025 08:40
strana.mk
Сподели
Сподели

Потег снимен во виралното ТикТок видео предизвика жестока дебата и поделени мислења на социјалните мрежи.

Додека „војните за лежалки“ продолжуваат во одморалиштата ширум Европа, се чини дека на некои вработени во хотелите им дошло преку глава.Имено персоналот на еден хотел на Закинтос одлучил да ги земе работите во свои раце и да се пресмета со туристите кои со пешкири се обиделе да резервираат лежалки во раните утрински часови. Според „LADbible“ овој грчкиот остров, и покрај прекрасните плажи и времето, во последниве години стана рај за забави за младите луѓе.

Иако некои туристи се соочувале со сериозни проблеми поради несоодветно однесување во хотелите, се чини дека гостите кои ги оставиле своите пешкири во 6 часот наутро се извлекле со малку поблага, но секако креативна казна.

Инаку некои хотели почнале да наплаќаат казни за да стават крај на таканаречените војни со лежалки, но младите вработени во еден хотел на Закинтос се одлучиле за поедноставен и според многумина, позабавен план.

Во виралното видео, кое брзо собра десетици илјади лајкови на ТикТок, се гледа како хотелскиот персонал се враќа дома од ноќно излегување во 6 часот наутро. Наместо да си легнат, тие решиле да ги преместат сите пешкири што веќе биле поставени околу базенот. Некои завршиле скриени на огради, други на дрвја, а некои дури и на ѕидови високи два метра.


Мили од Блекпул, која работи и живее во хотелот за кој станува збор, ја објасни заднината на приказната.„Живееме во хотелот затоа што работиме тука, а во моментов има многу туристи. Дојдоа и ги поставија пешкирите покрај базенот. Никој не го прави тоа. Едноставно не, затоа што сме на Закинтос“, изјави таа.

„Сите испивме неколку пијалаци, а потоа почнавме да им ги криеме пешкирите низ хотелот. Не мислам дека треба да резервирате лежалки бидејќи овде очигледно, никој не станува пред 15 часот, па буквално нема смисла. Тоа е доста себично бидејќи половина од тие луѓе воопшто не стануваат, а потоа оние што ќе се пробудат немаат каде да легнат. Тоа е толку иритантно“, додаде Мили, забележувајќи дека сега тоа е нивниот дом. „Ги исплашивме. Оттогаш не го направиле тоа“, истакна таа.Видеото предизвика лавина реакции, а Мили рече дека ги слушнала гостите на хотелот како зборуваат за тоа.

„Слушнав луѓе како споменуваат ТикТок. Неколку девојки до кои седев на базенот, со кои никогаш не сум разговарала, коментираа: „Го видов тоа ТикТок видео, беше во овој хотел, некој поместувал пешкири.“ Само се насмеав. Не очекував да стане вирално“, призна Мили.

Коментарите под видеото беа поделени. Некои сметаа дека постапките на персоналот се оправдани, тврдејќи дека лежалките треба да му припаднат на оној кој ќе дојде прв. Од друга страна, многумина сметаат дека работите на другите луѓе не треба да се третираат така и дека постои поцивилизиран начин да се реши проблемот.„Некои се согласија со нас. Други мислат дека туѓите работи не треба да се допираат, но тоа е само пешкир. Луѓето во коментарите беа многу вознемирени. Тоа беше само шега“, заклучи Мили.

TAGGED:грцијапешкиритуристихотелски работници
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Трамп жестоко го навреди Маск за основањето нова партија: Хаос е, целосно излетал од „шините“
Следна статија Мицкоски: Првпат во европски извештај се спомнуваат македонскиот идентитет и јазик и покрај обидите на талибански начин да се избришат

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

(ВИДЕО) Кадриу: СЈО беше штаб на СДСМ – Шекеринска и Заев на рака даваа материјали на обвинителите, без записник

Екс-обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лејла…

February 8, 2026

(ВИДЕО) Мараја Кери спектакуларна на отворањето на ЗОИ, „Volare“ во сосема нова изведба

Пејачката Мараја Кери знае како да…

February 7, 2026

Албанија ќе гради мигрантски кампови во Пустец каде што живеат Македонци

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ)…

January 29, 2026

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,…

January 28, 2026

РАЗНО

ЗАБАВА

„Македонијо, ве носам во срцето!“ – порача HUGEL и им испрати порака на сите Македонци: На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид!

Останаа уште само неколку дена до еден од највозбудливите настани ова лето, настапот на светски познатиот диџеј HUGEL во Охрид…

July 28, 2025
ЗАБАВА

На 91 година почина мајката на Витни Хјустон и добитничка на Греми

Почина Сиси Хјустон, мајка на покојната Витни Хјустон и самата гспел икона . Таа имаше 91 година. Хјустон почина во…

October 8, 2024
ЗАБАВА

Хотел бара „директор за храна“, дава 15.000 долари, еве кои се работните обврски

Позицијата е ЦЕО, но не и извршен директор - ланецот луксузни хотели Ramada by Windham бара директор за јадење, чија…

October 20, 2024
ЗАБАВА

Хаос по концертот на Бијонсе: Во стампедо се повредени најмалку девет лица- сѐ почнало од бубачка (ВИДЕО)

Девет лица се повредени во стампедо на метро станицата Вајн Сити во Атланта, кратко по завршувањето на концертот на Бијонсе…

July 20, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?