strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БАЛКАН > Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада
БАЛКАННАСЛОВНИ

Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада

Објавено March 15, 2025 08:53
strana.mk
Сподели
Сподели

Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на ќелезничката станица во Нови Сад.

Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад.

Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш, јави МИА од Белград.

Владата и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети. Студентите и академската заедница го отфрлаат тоа.

Десетици илјади луѓе излегоа вчера на улиците во главниот град на Србија, Белград за да ги поздрават колоните студенти кои се собираат од речиси цела држава за големиот антивладин митинг денеска, јави МИА од Белград.

Денови претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек за кој српската полиција соопшти утрово дека имало околу 31.000 луѓе.

Граѓани на Белград до доцна синоќа беа на улиците во центарот на градот каде ги пречекуваа илјадниците студенти кои се собраат во Белград за митингот планиран денеска и кој како што велат студентите во блокада – ќе биде најголемиот во историјата на Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ со недели упатува пораки да се зачува мирот во државата со цел да ги одврати луѓето да присуствуваат на денешниот протест.

Тој постојано предупредува дека на митингот се планира насилство и се закани со апсење поради какви било инциденти. Поддржувачите на Вучиќ кампуваат во центарот на градот, поттикнувајќи ги стравувањата од судири со демонстрантите.

На прес-конференција синоќа Вучиќ повторно рече дека властите добиле повеќе извештаи за наводни планирани немири и го опиша саботниот собир како „незаконски“.

Вучиќ ги повтори тврдењата дека западни разузнавачки служби стојат зад протестите со цел да го соборат од власт.

„Не прифаќам уцени, нема да се согласам на притисок, јас сум претседател на Србија и нема да дозволам улицата да ги поставува правилата“, рече Вучиќ. 

„Српската држава ќе направи се за да обезбеди мир. Оние кои го нарушуваат мирот ќе бидат приведени и строго казнети…Не планирам да воведам вонредна состојба“.

Вучиќ, кој доминира во српската политика откако стана премиер во 2014 година, а потоа и претседател во 2017 година, нагласи дека демонстрантите никогаш нема да го принудат да се повлече. 

Ќе мора да ме убиете ако сакате да ме смените“.

Вучиќ „мобилизираше криминалци, насилници и членови на Црвени беретки, донесе луѓе од Косово и ги стационираше во Пионирски парк иако знае дека стотици илјади ќе се соберат таму в сабота“, напиша Драган Ѓилас, лидерот на опозициската Партија на слобода и правда правда, на Х.

Студентите го предводат националното движење против корупцијата што почна откако бетонска настрешница се урна на железничка станица во Нови Сад кога загинаа 15 луѓе пред повеќе од четири месеци. Оттогаш – речиси секој ден има протести на студентите низ државата.

Вучиќ и неговата Српска напредна странка, се исфрлени од рамнотежа од студентските протести, движење без лидери кое бара коренити реформи во општеството.

Демонстрантите бараат одговорност за катастрофата во Нови Сад, како и транспарентни институции, засновани на владеење на правото. 

Повеќе од десетина лица се обвинети во врска со смртоносното уривање на настрешницата.

Тогашниот премиер, Милош Вучевиќ, поранешен градоначалник на Нови Сад кога започна реновирањето на станицата, поднесе оставка во јануари.

Вучиќ  ја отфрли можноста за формирање преодна влада и одржување избори за шест месеци

Полицијата уапси шестмина опозициски активисти под сомнение дека „подготвуваат акции против уставниот поредок и безбедноста“ еден ден откако наводна снимка од нивната средба беше емитувана на провладините телевизиски станици во четвртокот.

Претходните собири предводени од студентите во други српски градови беа мирни.

Во Белград, тензиите се зголемија откако поддржувачите на Вучиќ, вклучително и поранешните паравоени борци, поставија камп во паркот пред зградата на претседателството. Во петокот околу кампот беа паркирани трактори и распоредени голем број полицајци со опрема за разбивање протести.

Властите соопштија дека зградата на парламентот од спроти Андриќев венац (зградата на претседателот) ќе биде затворена во следните три дена поради безбедносни причини. Железничкиот сообраќај е прекинат. Од синоќа прекинаа со превоз на патници голем број компании кон и од Белград.

Мисијата на Европската унија во Србија соопшти дека „слободата на собирање е основно право“ и дека безбедноста на учесниците и институциите мора да се зачува.

Локалните медиуми јавија за актвирање забрана на полицијата да пушти во Србија неколкуминановинари од Хрватска и од Словенија. Засега нема официјално образложение за потезите на српската полиција. 

Одговорот на Србија на овие протести ќе биде одлучувачки тест за нејзината посветеност на стандардите на ЕУ“, напиша оваа недела меѓупартиска група членови на Европскиот парламент во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на „непријавен собир“ на граѓани во петокот вечерта на повик на студенти во Белград, имало неколку инциденти кои „главно биле насочени“ кон учесниците на вториот собир „Студенти 2.0“ во Пионирски парк.

Вишото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти дека поднело барање до полицијата за собирање информации и проверка на „точност на информации“ за наводни контакти меѓу Белградскиот универзитет и Воениот синдикат, јави МИА од Белград.

Според аудио снимка објавена од провладини медиуми, „извесна М.В изнела информации дека еден од претставниците на Универзитетот во Белград контактирал со Воениот синдикат и дека  – Војската на Србија ќе застане на страната на демонстрантите доколку дојде до немири“.

Српскиот патријарх Порфириј во утринско богослужение во храмот Свети Сава, молитви за крај на поделбите меѓу српскиот народ и мир меѓу граѓаните.Тој нагласи дека се плаши дека ќе има насилство на протестот во Белград што денеска го организираат студентите во блокада. 

„Се плашам дека меѓу нас ќе има насилство…Денеска сите општествени фактори, но и институциите да се борат против оваа омраза меѓу нас. Мирот треба да биде крајна цел“. 

14.3.2025 Beograd
Terazije pic.twitter.com/ksheJFkfMI

— Generalni Strajk Srbija – Gen. Strike 🇷🇸 (@KrahSNSa) March 14, 2025
TAGGED:ПротестСрбијаСтуденти
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кошаркарите против Унгарија и Романија во Мундијалските претквалификации
Следна статија Норис ја освои пол-позицијата пред првата трка во сезоната

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се…

June 23, 2025
Зошто ни се приспива околу 14 часот?

Ако сте меѓу оние кои секој ден околу 14 часот чувствуваат потреба…

June 23, 2025

Безос ги менува плановите за свадба поради војната на Блискиот Исток

Џеф Безос наводно бил принуден да…

June 25, 2025

Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки

Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу…

June 25, 2025

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа

На денешната трибина на тема „Економски…

June 25, 2025

Трагедија: Тинејџер од Македонија се удави во Грција

Трагичен инцидент се случи на централната…

June 25, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Се исполнува ветувањето на Николоски: Наскоро Туркиш ерлајнс почнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

Од 27-ми март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул. Авиокомпанијата веќе ги пушти во продажба билетите за летната…

December 11, 2024
БАЛКАН

Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот од дискотеката во Северна Македонија кои се на лекување во Клиничкиот…

March 17, 2025
БАЛКАН

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на момчето убиец К.К.(14), кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај…

December 30, 2024
БАЛКАН

(Видео) Надојдените реки носат луѓе во БиХ: политичар скокна во водата за да спаси човек

Вистинската драма се одвивала во Тузла кога двајца полицајци и уште едно лице биле однесени од надојдената река, а по…

March 27, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?