Што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги кои ги добива од Комунална хигиена, во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела?, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„И додека се случува циркусот Данела, дознаваме како едвај полнолетниот син на Блерим Беџети добил 12 илјади евра од Комунална хигиена на Данела Арсовска на име авторски договори за интелектуални услуги. Од причина што сметаме дека нејзината состојба е злоупотребена од ДУИ и ја искористува на нечовечен начин ние ќе се занимаваме исклучиво со управителот на овој процес Блерим Беџети“.
Коментирајќи ја денешната седница на Град Скопје која беше прекината, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје соопшти дека „нема да навлегува во циркусот на меѓусебни обвинувања и политикантство креирано од заедничката коалиција ДУИ, СДСM и Левица која единствена задача има да ја одржи во политички живот Данела Арсовска“.
Во партиското соопштение се вели дека вистината е дека со една седница на Совет нема да се реши проблемот со дивоградбите „креирани триесетина години порано“.
„Дополнително што Арсовска се сети за овој проблем 4 месеци пред крајот на мандатот, откако 4 години ги преспа на позицијата градоначалник. Нема да навлегуваме во дискусии и провоцирани кавги со нејзе за да не ѝ се влошува ситуацијата не сакајќи да бидеме дел од оваа нова нејзина епизода која ѝ се случува пред избори.