Во Гевгелија започна изградбата на трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра , а според планот ќе се отворат 350 нови работни места. На стартот на изградбата присуствуваше прремиерот Христијан Мицкоски кој на инвеститорите и и градоначалникот им посаќа среќа и успешна работа
„Многу амбициозен е планот на инвеститорот, но не и неостварлив бидејќи до сега како што и самиот инвеститор во својот говор овде кажа во рекордно време благодарение на амбициозниот тим и амбициозната работа на градоначалникот на Општина Гевгелија овој проект доаѓа во оваа фаза во која што е денеска, да можеме да поставиме камен темелник на инвестиција вредна самите слушнавте околу 20тина милиони евра. Од тоа што можев во разговорите да дознаам некој детал повеќе дека ќе имаме околу 350 нови вработувања на почеток до максималниот капациет и 500тини, изјави премиерот на Владата Христијан Мицкоски.
Тој додаде, дека оваа точка е навистина значајна бидејќи околу 15 милиони возила годишно ќе поминуваат тука, тоа значи голема можност за бизнис, голема можност и за ширење и за проширување на инвестицијата.
-За Гевгелија ќе значи тоа многу, така што како претседател на Владата ценам дека секогаш кога во Македонија ќе се прават ваков тип на објекти ние сме тука да помогнеме, да го забрзаме овој процес, да го одблокираме ако е закочен за да можат овие инвестиции да бидат реалност, потенцира Мицкоски.
„Нашата цел веќе неколку пати повторена во јавност е да оваа година за прв пат забележиме, ние рекордот го поминавме, но да забележиме бројка на инвестиции која што ќе надмине една милијарда евра, со што како држава ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции.