Со воведувањето на е-разводот, малата балтичка држава, стана прва земја во светот која 100 процентно им дава онлајн административни услуги на граѓаните, објавија медиуми.
Естонците имаат електронска здравствена евиденција, е-рецепти, е-дневници на училиште, електронско гласање, промена на адреса регистрација онлајн итн.
Од декември паровите кои сакаат да го прекинат бракот можат да ја користат најновата услуга за е-влада – е-развод.
Преку портал кој делува и како унифициран граѓански регистар, еден од брачните другари може да поднесе онлајн барање за раскинување на бракот… Е-услугата вклучува упатства за изготвување договор за поделба на семеен имот и упатства за подмирување на родителските права.
По поднесувањето на е-молбата, сопружниците имаат 30-дневен период да размислат. Потоа, доколку нема промена во нивната одлука, тие мора да се сретнат со службено лице за формално да го прекинат бракот.
Иако е-разводот е релативно нова опција, 53% од сите апликации се веќе поднесени онлајн.
За да ја одбележи својата целосна победа против „диктатурата на бирократијата , Естонија објави едномесечна кампања „100% Digital & 0% Bureaucrazy’ (вureaucrazy е игра на зборови со термините bureaucracy и crazy – лудост)
Иницијативата започна на 27 јануари и ќе продолжи до 27 март.