strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Во Прилеп пред 2000 години имало римска бања која функционирала како модерен спа-центар
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Во Прилеп пред 2000 години имало римска бања која функционирала како модерен спа-центар
ЗАБАВА

Во Прилеп пред 2000 години имало римска бања која функционирала како модерен спа-центар

Објавено July 5, 2025 15:27
strana.mk
Сподели
Сподели

Римска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сѐ уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец, но ги открива социокултурните одлики на нашите предци.

-На овој објект работиме вторпат. Тоа е бања од римскиот период, датира  од преминот на старата во  новата ера, или од 1 век пред или 1 век од нашата ера. Не е дека претходно жителите не одржувале лична хигиена, но како архитектура припаѓа на римските бањи и е од периодот кога Римската империја завладеала на овие простори. Оваа бања е јавна и е комплесен објект. Покрај оваа, имало просторија со топла вода, па базен со ладна вода, па просторија каде граѓаните ја користеле како гардероба. Така што, ние сме на самиот почеток на истражувањата на оваа комплексна градба. Станува збор за т.н. висечки под. На него биле керамичките плочи и малтерната подлога кои се држеле врз столпчиња, а под тој висечки под струел топол воздух кој доаѓал од друга просторија каде што се ложеле дрва за загревање. Тука нашите предци буквално се потеле, функционирало како сауна и, воопшто, како еден денешен спа- центар, објаснува Душко Темелкоски, археолог во Завод и музеј Прилеп, кој ги раководи истражувањата.

Археолозите допрва ќе ги откриваат тајните на комплексот, зашто истражена е само една третина. Најголем предизвик е да се открие името на таинствениот град кој бил доста значаен за населението од Пелагонија.

-Во врска со овој град, имаме некои индиции дека е поголем град, позначајна урбана населба од античко време. Во селската црква во Прилепец има неколку епиграфски споменици и на еден натпис е забележано дека овој град имал тесна соработка со античка Стибера. Но, за жал, не се споменува името на „овој град“, објаснува Темелкоски.

Досега трипати се истражувало на локалитетот Долиште. Прво беа откриени гробници и големи глинени садови за храна.

-Локалитетот е познат како Долиште, се наоѓа меѓу двете прилепски села Прилепец и Волково. Досега Прилепскиот музеј има истражувано во три наврати. Во првата кампања, заедно со Катедрата за археологија од Филозофскиот факултет во Скопје, истражувавме на неколку пунктови каде што се вршеле погребувања. Музејот, исто така, истражуваше на друга локација во овој комплекс каде пронајдовме две градби – во едната најдовме големи питоси, керамички ќупови каде се складирала храна. Ова е веќе трет пункт и работиме на бањата. Зборуваме за многу поголем простор каде што лежел тој антички град чие име сѐ уште не му го знаеме, вели архелогот Темелкоски.

TAGGED:прилепспа центар
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Лука Бојовиќ не ги препозна лицата што му спремале ликвидација
Следна статија (ВИДЕО) Трогателни сцени на погребот на Диого Жота и Андре Силва

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

(Видео) Наводната љубовница на Дејвид Бекам: Сакам да ја почувствува болката што ми ја предизвика

Ребека Лос повторно проговори за нејзината наводна афера со Дејвид Бекам. Таа во 60 Minutes Australia изјави дека отсекогаш ја…

April 1, 2025
ЗАБАВА

На 90-годишна возраст почина актерот Ричард Чембрлен

Актерот Ричард Чембрлен почина на 91-годишна возраст, пренесува Variety. Неговата смрт ја потврди публицистот Харлан Бол, велејќи дека актерот починал…

March 30, 2025
ЗАБАВА

Инстаграм го исклучи профилот на Јелена Карлеуша!

Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој беше еден од најследените на Балканот, е затворен. Нејзиниот профил беше многу влијателен, со…

February 10, 2025
ЗАБАВА

58-годишната Селма Хајек блесна топлес за Sports Illustrated

За „жешката актерка Селма Хајек дефинитовно „Годините се само бројка“. Мегапопуларната актерка, 58 годишната Селма Хајек воодушеви со својата безвременска…

May 14, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?