Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, бројот на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 680. Од нив 131 лице починало, а 545 лица живеат со ХИВ/СИДА.
Како што е наведено во билтенот, во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 13 новозаболени лица. Пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, како и по еден случај на сифилис и инфекции со кламидија.