Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“ денеска соопшти дека бојкотот на пекарниците во Хрватска е голем успех и најави дека тој ќе продолжи и следната недела, овојпат на банките и телекомуникациските компании бидејќи ги зголемиле цените на нивните услуги.
Од платформата наведуваат дека потрошувачите изразиле незадоволство од поскапувањето на банкарските услуги и на телекомуникациските оператори.
Тие најавија дека на 20 февруари пред Хрватската народна банка (ХНБ) во Загреб ќе се организира акција „Пет минути предупредување“, при што потрошувачите ќе можат да го изразат своето незадоволство од сето она што се случува на пазарот.