Сучир Балаџи (26), кој работи во американската истражувачка организација за вештачка интелигенција „OpenAI“, кој повеќе пати јавно ги критикуваше нивните постапки и практики, е пронајден мртов во стан во Сан Франциско, пишува Би-Би-Си.
Неговото тело беше пронајдено на 26 ноември, откако на полицијата и беше кажано да ја провери неговата состојба.
По обдукцијата, судскиот вештак утврдил дека причината за смртта на Балаџи е самоубиство и дека нема докази што укажуваат на нешто друго.
Балаџи беше критичен кон „OpenAI“ во последните неколку месеци. Организацијата веќе некое време ги брани своите методи за собирање податоци на суд.
Во експлозивното интервју за Њујорк Тајмс во октомври, Балаџи рече дека се сомнева дека OpenAI го прекршил американскиот закон за авторски права додека ја развивал популарната апликација ChatGPT.
Балаџи рече дека работел за OpenAI четири години и верува дека ChatGPT и слични технологии му штетат на Интернетот.
„OpenAI“ тврди дека користи само јавно достапни податоци. „OpenAI“ изрази сочувство до семејството на Балаџи.