strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“: Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се овогодишните добитници

Објавено December 8, 2024 16:58
strana.mk
Сподели
Сподели

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година чии лауреати се универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, во областа на воспитанието и образованието, и писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази – во областа на културата и уметноста.

Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на писателот Томислав Османли кој, во обраќањето за значењето на св. Климент Охридски и неговата просветителска дејност, рече дека тој е епископ и едукатор кој ги обединува религиските и секуларните вредности кои траат до денес.

– Тие отрајуваат до денешен ден и со своите историски, лингвистички, културни и педагошки значења и вредности, и такви бездруго ќе траат и во иднина… Луѓето од културата, од уметноста, од образованието и воспитанието, чии личности и дела денес ги чествуваме со оваа највисока државна награда, се најдобрите гаранти за тоа заедничко напредување во и на нашата држава и култура, истакна Османли.

Во име на добитниците на наградата се заблагодари професорката од УКИМ, Маја Бојџиевска, која во својот говор го нагласи нееднаквото вреднување на придонесот на жените во овие области и побара тие да го добијат заслуженото место во општеството.

Наградата им ја посвети на, како што рече, сите невидливи претходнички затоа што таа е единствената жена меѓу вкупно осум добитници што годинава ги добија наградите „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“.

– Зарем навистина мислите дека е тоа реалната слика за постигнувањата на жените во нашата средина? Зарем тоа што мене ми беше делегирана задачата да се заблагодарам со овој говор може делумно или симболички да се покрие суштинскиот придонес на жените во овие општествени полиња?… Тоа, се разбира, мора да се промени – не само со најтешката од сите задачи, онаа што се вика промена на свеста, туку со умни, активни, прогресивни политики, базирани на силна убеденост, базирани на искреност, на градење целосно инклузивен систем на вредности, истакна проф. Бојаџиевска.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

TAGGED:државна наградасвети климент охридски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Неподвижен човек побарал помош на 112, откако три дена немал јадено ни пиено
Следна статија Варварската држава падна, конечно, му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст и трпение, рече Макрон

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со жителите на Лабуништа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во струшко Лабуништа каде се сретна со тамошните граѓани. Посета на пријателска Лабуништа. Искрен разговор…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д.…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака…

May 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Специјално противпожарно армиско возило се вклучува во гаснењето на пожарот во Чаир

Пожарот во станбената зграда во скопски Чаир се уште е активен, а како дополнителна помош скопските пожарникари на лице место…

October 2, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?