strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Вреди им врати на ДУИ за скандирањето во Куманово: Партија што никогаш не почувствувала срам нема ни морал ни право да зборува
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ПОЛИТИКА > Вреди им врати на ДУИ за скандирањето во Куманово: Партија што никогаш не почувствувала срам нема ни морал ни право да зборува
ПОЛИТИКА

Вреди им врати на ДУИ за скандирањето во Куманово: Партија што никогаш не почувствувала срам нема ни морал ни право да зборува

Објавено August 3, 2025 17:15
strana.mk
Сподели
Сподели

Партиите денеска ги осудија неприфатливите скандирања на поединци за време на вчерашниот кошаркарски натпревар помеѓу националниот тим на Македонија и репрезентацијата на Република Романија што се одигра во Крушево.

Од СДСМ преку соопштение најостро го осудија како што велат националистичкиот говор и навредите изнесени за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово посочувајќи дека говорот на омраза и навредите кон која било етничка заедница се обид да се создадат поделби меѓу граѓаните.

-Таквото однесување има за цел да го поткопа соживотот и мирот во државата но и му наштетува на спортот. СДСМ апелира до сите граѓани да останат разумни, да не подлегнуваат на провокации и на насилен национализам кој намерно се активира секогаш кога се приближуваат избори. Не е првпат да гледаме како одредени структури ја разгоруваат омразата со една цел, да ги поделат граѓаните и да ја пренасочат дебатата од реалните проблеми, наведуваат од СДСМ посочувајќи дека очекуваат осуда за скандирањата и од премиерот и владините претставници кои присуствуваа на натпреварот.

ДУИ изрази, како што се посочува, најдлабока огорченост и револт за скандирањата на натпреварот на кој, како што посочуваат се слушале антиалбански скандирања и говор на омраза, и побара политичка одговорност со оставки од Астрит Исени, заменик министер за внатрешни работи, и од Сафие Садики Шаини, заменик министерка за спорт.

-Демократската унија за интеграција, по вчерашниот скандалозен настан со антиалбански навивачки повици на кошаркарскиот натпревар во Куманово, потенцира дека молкот и отсуството на институционална реакција не можат да поминат без конкретна политичка одговорност. Во таа насока, бараме:
непосредна оставка од Астрит Исени, заменик министер за внатрешни работи, и оставка од Сафие Садики Шаини, заменик министерка за спорт, поради нивниот неуспех да реагираат, да го заштитат јавниот интерес и да адресираат еден тежок инцидент кој директно го загрозува меѓуетничкиот соживот и достоинството на албанските граѓани, стои меѓу другото во реакцијата на партијата.

Од коалицијата ВРЕДИ пак во пишаната реакција посочуваат дека институциите и политичките партии на власт како никогаш досега едногласно ја осудија ксенофобијата во спортот, и оти ДУИ и нивните функционери никогаш не дале оставка, дури ни кога на Албанците во изминативе две децении им се случиле, велат, најголемите трагедии. При тоа, ги посочуваат, меѓу другото трагедијата со модуларната болница во Тетово, несреќата со „Дурмо Турс“, трагедијата со „Беса Транс“, каде што животите ги загубија 45 луѓе, а, наведуваат, никој не одговарал, ниту за скандалот Маѓар Телеком – еден од најголемите корупциски случаи во земјава, ни кога САД го ставија Артан Груби на црна листа.

-Партија што никогаш не почувствувала срам, што никогаш не побарала прошка и што никогаш не презела одговорност за ниту една од овие трагедии – нема ни морал, ни право да зборува за иднината на Албанците. ДУИ не е повеќе глас на Албанците – таа е товар на нивните плеќи. Доаѓа времето на одговорност, велат од ВРЕДИ

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека осудуваат секаков вид на националистички испади и говор на омраза, и сметаат дека тие злоупотреби, како што велат, се во корист на структури кои водат политика на омраза.

-Вчера имаше одличен натпревар во реновирана сала во Куманово каде што и јас лично присуствував. Мора да истакнам дека испадите со ксенофобичен говор се резултат на една многу мала група на граѓани. Во тој контекст, осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза, без оглед од чија страна доаѓаат. Таквите злоупотреби одат во корист на сите политички струи и структури, кои со децении водат политика на омраза едни кон други. Национализмот и говорот на омраза е најдобрата одбрана на криминалот на структурите кои со години ги злоупотребуваат меѓуетничките односи и гледаат шанса за спас за кариерите и нивната егзистенција во политиката. Нашата цел е да се обединиме за напредокот и заедничката иднина на Македонија, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, на новинарско прашање на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Општина Куманово, исто така, денеска преку соопштение за јавноста ги осуди скандирањата на поединци за време на вчерашниот кошаркарски натпревар со став дека на спортските терени нема и не смее да има место за ширење на национализам и меѓуетничка нетрпеливост.

-За жал, ден подоцна воочуваме дека на натпреварот во еден момент од одредени поединци во публиката има скандирање на неприфатливи пароли со кои се подгрева етничка нетрпеливост во општина која се темели на мултиетнички вредности. Во оваа прилика Општина Куманово јавно ги осудува ваквите скандирања и се оградува од истите во својство на домаќин на настанот. Куманово бил и ќе биде град на сите негови жители без разлика на нивната етничка припадност а спортот и културата ќе ги користи да ги обединуваат граѓаните како и досега, наведуваат во соопштението од општина Куманово.

Во Куманово вчера беше пуштена во употреба реконструираната спортска сала со натпревар на националниот кошаркарски тим против тимот на Република Романија. Организатор на настанот беше Македонска кошаркарска федерација, а домаќин на настанот Општина Куманово.

TAGGED:вредидуиреакцијаскандирања
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Петрушевски: Осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза
Следна статија Зеленски најави размена на 1200 воени заробеници

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) „Глуп си како точак“: Најчевска упати погрдни зборови до Богојески, па замина од емисија

Телевизиската дебата меѓу професорката Мирјана Најчевска и Петар Богојески воопшто не личеше на дебата меѓу двајца припадници на академската фела.…

January 22, 2025
ПОЛИТИКА

Сите изјави на Захариева против Македонија и Македонците кои власта на СДСМ и ДУИ ги премолче

Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија е нов  комесар на ЕУ за  за истражување и иновации. За Македонија…

October 22, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

Тренчевска бара оставка од Таравари: Владата и министерот го донесоа здравствениот систем до степен на „тешко болен пациент“

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска од собраниската говорница, во рамките на седницата за пратенички прашања побара оставка и упати прашање…

April 24, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?