strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Вредноста на доларот падна трета недела по ред
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > БИЗНИС > Вредноста на доларот падна трета недела по ред
БИЗНИС

Вредноста на доларот падна трета недела по ред

Објавено April 19, 2025 11:03
strana.mk
Сподели
Сподели

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела, трет пат по ред, бидејќи американската валута и натаму е под притисок поради трговската војна меѓу САД и Кина.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни валути, падна за 0,6 отсто минатата недела на 99,23 поени, што е ново најниско ниво во последните три години.

Американската валута ослабе и во однос на јапонската за 0,9 отсто, па нејзината цена падна на 142,20 јени.

Падот на доларот трета недела по ред е резултат на тековната трговска војна меѓу САД и Кина.

Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела рече дека очекува трговски договор со Кина, но не даде детали.

Од друга страна, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Кина повеќе нема да обрнува внимание доколку САД продолжат да си играат со царинските бројки. Ова беше одговор на заканата на Вашингтон дека ќе ги зголеми реципрочните царини за увоз од Кина на вкупно 245 проценти поради неговите контрамерки.

И додека Вашингтон се фокусираше на тарифната војна, Кина воведе низа нетарифни рестриктивни мерки. Меѓу другото, во услужните индустрии, како што се финансиите, консалтингот и туризмот, во кои САД со години имаат голем трговски суфицит со Кина, велат аналитичарите.

„САД и Кина се заглавени во невидена и скапа игра на кукавичлук, и се чини дека ниту една страна не е подготвена да се повлече“, рече Тинг Лу, економист во Номура.

Покрај тоа, доларот е под притисок бидејќи се очекува слабеење на американската економија. Минатата недела, Џером Пауел, претседателот на американската централна банка, рече дека повисоките тарифи од очекуваните веројатно ќе значат повисока инфлација и побавен економски раст.

Банката на федерални резерви, истакна Пауел, ќе чека повеќе економски податоци пред да преземе какви било мерки за каматните стапки.

Ова ги ублажи шпекулациите дека централната банка наскоро ќе ги намали каматните стапки, иако Трамп повторно го повика Пауел да ги намали каматните стапки и се закани дека наскоро ќе го смени од фотелјата на ФЕД.

За разлика од ФЕД, Европската централна банка минатата недела ги намали клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, трет пат оваа година, за да ја поддржи економијата во ова време на неизвесност поради војната со царините.

TAGGED:вредностдоларПад
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Белата куќа ја поддржува теоријата дека ковид-19 потекнува од лабораторија
Следна статија Две нови услуги на МВР достапни на националниот портал за електронски услуги

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

БИЗНИС

Најавени нови протести поради прекумерниот туризам во Шпанија

Протестите во Шпанија поради претераниот туризам продолжуваат и по завршувањето на сезоната на летни одмори, а веќе се најавени во…

October 26, 2024
БИЗНИС

Инфлацијата во еврозоната порасна за 2,4% ќе ги намали ли каматите Европската централна банка?

Годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со хармонизираниот ценовен индекс (HICP) во декември изнесува 2,4%, покажуваат прелиминарните пресметки на…

January 8, 2025
БИЗНИС

САД и Кина се согласија за „деескалација“ на трговските тензии

Соединетите Американски Држави и Кина тврдат дека во принцип се согласиле за рамка за деескалација на трговските тензии меѓу двете…

June 11, 2025
БИЗНИС

Германија размислува да повлече 1.200 тони злато складирано во САД

Германија размислува да отстрани огромна количина злато од својот трезор во Њујорк поради загриженоста за непредвидливата политика на Доналд Трамп.…

April 6, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?