Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство за смртта на голем број луѓе во дискотека во Кочани.
Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Македонија во овие тешки моменти.
Нашите мисли се со сите кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш со своите пријатели подготвена во согласност со своите можности, да пружи секаква потребна помош, објави Вучиќ на социјалните мрежи.