Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на престојот во Емиратите денеска најави дека во средината на септември ќе има голема воена парада во Белград.
– Во септември ќе имаме голема воена парада во Србија. Ќе покажеме многу работи што сме ги стекнале, произвеле и успеале да ги воведеме во вооружувањето на српските вооружени сили, рече Вучиќ, пренесоа белградските медиуми.