Српскиот претседател Александар Вучиќ најави зголемување на минималната плата за 20,1 процент.
„457 евра е минималната плата денес во Србија, тоа е три пати повеќе отколку пред 10, 11 години. Важно е што тогаш имавме 500.000 луѓе, а денес имаме 95.000 на минимална плата, бидејќи просечните плати денес се значително повисоки“, рече Вучиќ.
Претседателот изјави дека државата ќе се обиде да ја зголеми минималната плата од 457 евра за 20,1 процент, односно на 550 евра, во два чекора, до 1 јануари.
„Нашата идеја е да ја зголемиме минималната плата во два чекори, таа сега е 457 евра, а ние ќе ја зголемиме за 20,1 процент, на 550 евра. Ова значи дека ќе се обидеме да ја зголемиме на 500 евра од 1 октомври, а на 550 евра од 1 јануари“, објасни Вучиќ.
Минималната плата во Србија, како што изјави Вучиќ, би изнесувала 64.400 динари .
Тој исто така изјави дека со оваа мерка покажуваат дека се грижат за најсиромашните граѓани на нашата земја.
Тој додаде дека министерот за финансии Синиша Мали веќе разговарал со претставници на најголемите синдикати и дека сега претстојат „не лесни“ разговори со работодавачите.
Тој изјави дека минималната плата во државната администрација, во државните компании, е помеѓу 6.000 и 7.000 луѓе.
Ќе се потрудам пензиите да не растат за помалку од 8 проценти и ќе се обидеме да ги направиме уште повисоки. Просечната плата сега беше 923 евра, додека во декември просечната плата ќе биде 1.174 евра. Сакаме пензиите да растат со слично темпо како и платите.“