Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека САД за неколку дена ќе воведат целосни санкции против НИС поради руска сопственост, кои треба да важат од 1 јануари.
Не добивме официјален документ, но веста е потврдена“, изјави Вучиќ за Информер.
Тој додаде дека на тие санкции веројатно ќе им се придружи и Велика Британија, а потоа и сите останати.
„Бидејќи немаме добиено официјален документ, не знам уште колку време ќе ни остане да направиме нешто“, рече Вучиќ.
Вучиќ посочи дека тоа значи дека нафтоводот „Јанаф“ веднаш ќе престане да транспортира нафта и посочи дека тоа ќе отвори проблеми со и со Русија.
„Ова е геополитичка одлука, многу поголема од секојдневните работи“, рече Вучиќ .
„Ќе најдеме решение и ќе разговараме и со Американците и со Русите.
Според податоците на Централниот регистар на хартии од вредност, руски Газпромњефт поседува 50 отсто од НИС, Република Србија 29,87 отсто, а руски Газпром 6,15 отсто.