Хипотетички геополитички конфликт би можел да ја чини светската економија 14,5 трилиони долари во период од пет години, пресмета Lloyd’s of London, издвојувајќи ја заканата од прекини во синџирите на снабдувањето во таквото сценарио.
Последиците за економијата ќе произлезат од огромната штета на инфраструктурата во конфликтниот регион и можната закана за водните патишта, објасни осигурителниот пазар во соопштението објавено во средата.
„Повеќе од 80 отсто од светскиот увоз и извоз, околу 11 милијарди тони стоки, патуваат по морски пат, така што затворањето на главните трговски патишта поради геополитички конфликт е една од најголемите закани за ресурсите потребни за отпорна економија“, наведуваат од осигурителот
Можноста за таков геополитички конфликт претставува системски ризик, што значи дека има мали шанси светот да се најде во таква ситуација, но доколку се случи, последиците би биле тешки, посочуваат од Lloyd’s of London.
Пазарот за осигурување и реосигурување сместен во Лондон, исто така, објави дека истражувал и други потенцијални системски ризици во партнерство со Центарот за студии за ризик од Кембриџ, вклучувајќи сајбер напади и екстремни временски услови.
Војните во Украина и во палестинскиот Појас Газа веќе го попречија сообраќајот на рутите низ Црното и Црвеното Море.