Полицијата ја продолжува потрагата по напаѓачот кој застрела и уби двајца мажи во германскиот град Бад Наухајм, северно од Франкфурт, изјави во неделата полициски портпарол.
Две жртви биле пронајдени со прострелни рани пред станбен блок во саботата. Полицијата не соопштува детали за жртвите, освен дека се работи за мажи, а засега не е јасно дали го познавале напаѓачот.
Полицијата смета дека нема опасност за жителите или за јавноста.
„Според досегашните информации нема опасност за жителите“, соопшти полицијата, но не може да даде никакви информации за „околностите на инцидентот и мотивите на сторителите“. „Во овој момент веруваме дека ова е само еден сторител“, рече портпаролот.
Полицијата распореди значителни полициски сили, вклучително и униформирани полицајци, полиција во цивилна облека, специјални сили и хеликоптер, за да го открие сторителот на убиствата. Исто така, го забранила пристап до местото на злосторството.