strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Германија ја тресе политичка криза во време кога животниот стандард тоне најмногу по Втората светска војна
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СВЕТ > Германија ја тресе политичка криза во време кога животниот стандард тоне најмногу по Втората светска војна
СВЕТ

Германија ја тресе политичка криза во време кога животниот стандард тоне најмногу по Втората светска војна

Објавено November 7, 2024 17:20
strana.mk
Сподели
Сподели

Шолц го разреши министерот за финансии, Кристијан Линднер, по што Слободната демократска партија најави дека ќе ги повлече сите свои министри од сојузната германска влада, а со тоа таа ќе остане без парламентарното мнозинство. Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, вчера, рече дека е подготвен да распише нови избори, кои Шолц ги предлага за крајот на март идната година, а опозицијата пред крајот на годинава. Во меѓувреме економијата продолжува да тоне и во третиот квартал, а министерот за економија Роберт Хабек најави дека годинава очекуваат пад на БДП од 0,2 отсто, со што продолжува негативниот тренд од минатата година

Економски ослабнатата Германија ја стресе и политичка криза. Се распаѓа коалицијата на канцеларот Олаф Шолц, откако во средата беше разрешен министерот за финансии, Кристијан Линднер. По неговото разрешување Слободната демократска партија (ФДП) најави дека ќе ги повлече сите свои министри од сојузната германска влада, а со тоа таа ќе остане без парламентарното мнозинство.

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вчера рече дека е подготвен да распише нови избори посочувајќи дека крајот на една коалиција не е крај на светот.

-Тоа е политичка криза која мораме да ја надминеме. Нашата демократија е силна, но сега не е време за тактики и измами, туку за разум и одговорност, рече Штајнмаер, додавајќи дека на Германија и е потребно стабилно мнозинство и способна Влада.

Но, германскиот претседател има овластување да го распушти парламентот и да распише нови избори само под услов на Владата да и се изгласа недоверба, така што сега во фокусот на германската политика е тоа гласање.

Шолц предложи гласање за доверба на 15 јануари, со што нови избори би можеле да се одржат на крајот на март 2025 година, а на местото на разрешениот министер за финансии Линднер го предложи својот човек од доверба, поранешниот инвестициски банкар од Голдман Сакс, Јерг Кукис.

Шолц мора веднаш да побара гласање, а не да го чека јануари, одговори лидерот на германските опозициски конзервативци (ЦДУ), Фридрих Мерц.

-Коалицијата веќе нема мнозинство во германскиот Бундестаг (долниот дом на парламентот) и затоа мора да апелираме на канцеларот веднаш да побара гласање за доверба, најдоцна до почетокот на наредната недела, рече тој, пренесе Тагешау.

Во тој случај претседателот би можел да ги закаже изборите во рок од 21 ден.

Мерц исто така најави дека неговата партија е подготвена за разговори и да преземеме одговорност за Германија „и во овој случај“.

Како причина за разрешување на министерот за финансии Шолц го наведе незадоволството од неговата работа и рече дека работел за своите клиенти во партијата. Линднер, пак, му забележа на Шолц дека нема доволно лидерска сила и дека води погрешна економска политика. Меѓу другото, минатиот месец Линднер не се согласи со министерот за економија дека на автомобилските гиганти кои се во криза треба финансиски да им се помогне.

Според „Дојче Веле“ лидерите на владејачките партии – СПД, Зелените и ФДП претходно два ипол часа разговарале како коалицијата да излезе од кризата, во чиј центар е дефицитот од милијарди евра во нацрт-буџетот и како економијата да се извади од тешката ситуација.

По распадот на владејачката коалиција во Германија, се исцртуваат контурите на црвено-зелена малцинска влада во Берлин. Во владата на Шолц покрај разрешениот Линднер ФДП има уште три министри, кои ги покриваат ресорите правда, образование и сообраќај. Министерот за транспорт Фолкер Висинг рече дека сака да си ја задржи функцијата и покрај тоа што неговата ФДП ја напушти владата. Тој најави дека би си заминал од ФДП.

Владејачката коалиција составена од СПД, ФДП и Зелените се распаѓа по три тешки години владеење, меѓу другото и поради војната во Украина, рекордната инфлација и рецесијата. Германската економија е во тешка криза, а енергетскиот шок предизвикан од руската интервенција во Украина доведе до најголем пад на животниот стандард во земјата од Втората светска војна и пад на производството, што наликува на финансиската криза од 2008 година, пишува весникот „Гардијан“. Прелиминарните податоци од германската статистичка организација Дестатис, покажуваат дека економијата продолжува да тоне и во третиот квартал. Германскиот министер за економија Роберт Хабек најави дека годинава очекуваат пад на БДП од 0,2 отсто, со што продолжува негативниот тренд од минатата година.

Сликата на најсилната европска економија е до толку променета, што во опасна криза е и автомобилскиот гигант „Фолксваген“, кој затвора фабрики, отпушта работници и намалува плати. Како што пренесе „Ројтерс“ минатиот месец заврши со серија штрајкови на германските работници во електротехничката им металуршката индустрија, кои бараа зголемување на платите. Штрајкуваа вработените во „Порше“, „Мерцедес“ и „БМВ“.

TAGGED:Германијаполитичка криза
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кос: ЕК ќе помага во спорот меѓу Бугарија и Македонија, останува обврската за промена на Уставот
Следна статија Одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ: Средба Мицкоски – Макрон во Будимпешта

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонреден мониторинг на водата за пиење во Скопје, еве што покажаа резултатите

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден…

June 1, 2025
Мицкоски: Целосно е реконструирано одделението за системски прегледи во ИЈЗ

Марија тоа многу добро го срочи, би рекол брилијантно и мислам дека…

June 1, 2025

Ана Ивановиќ „жали“ на Маурициус за разводот

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ ужива по…

June 3, 2025

ЕК утре ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за прием во Еврозоната

Европската комисија утре се очекува да…

June 3, 2025

ВИДЕО: Силен земјотрес ги погоди Турција и Грција, загинa 14-годишно девојче, најмалку 69 повредени

Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес што…

June 3, 2025

МЗТ Скопје ја одбрани титулата во домашното првенство

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија…

June 3, 2025

РАЗНО

СВЕТ

Папа Франциск: Дел од светот се богати, додека останатите умираат во војни и од глад

Папата Франциск денеска ја осуди економската нееднаквост во светот, истакнувајќи дека „нема никаква корист“ од финансискиот раст на развиените земји,…

December 8, 2024
СВЕТ

(Фото) Путин ѝ се закани на Украина по вчерашниот напад: „Ќе зажалите“

Рускиот претседател Владимир Путин вети поголемо „уништување“ на Украина по саботниот напад со дрон врз зградите во Казан, за што…

December 22, 2024
СВЕТ

Кардиналите се вратија во Сикстинската капела

Сите 133 кардинали кои ја сочинуваат конклавата се вратија во Сикстинската капела откако заминаа на пауза за ручек по утринските…

May 8, 2025
СВЕТ

Не може секој да биде телохранител на Путин

Игор Петровиќ е аикидо мајстор кој долги години живее во Русија. Тој е еден од тренерите на телохранителите на претседателот…

March 3, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?