На германската економија до 2040 година и се потребни 288.000 мигранти годишно за да се справи со негативното влијание на стареењето на населението, покажува новото истражување на фондацијата Бертелсман.
„Демографските промени, кои ќе претставуваат голем предизвик за германскиот пазар на труд во наредните години кога бејби бумовите ќе се пензионираат, бараат и доаѓање на мигранти“, рече Сузана Шулц, експерт за миграција во фондацијата Бертелсман.
Според неа, приоритет треба да се даде на развојот на потенцијалот на домашната работна сила во Германија, но тоа нема да биде доволно за да се задоволи побарувачката на работници до 2040 година.