Аргентинскиот ракометен тренер Гиљермо Милано повеќе не е предводник на РК Вардар и се чека само официјална потврда од клубот за разделбата.
Милано на својот „Инстаграм“ профил објави ноќна фотографија од авион, на пат кон Аргентина. Иако беше предвидено Милано да го води Вардар уште една сезона, сепак, до такво нешто нема да дојде, а пресуди поразот од Е. Пелистер во дербито за титула.
Милано го водеше Вардар на вкупно 29 официјални натпревари, од нив дури на 25 победи, додека по два меча беа нерешени и загубени. Цела пролет „црвено-црните“ беа непоразени во мак-ракометот, а тоа се сруши во последното коло против пелистерци
Вардар ќе треба во наредниот период прво официјално да ја потврди одлуката за промена на тренерот, а потоа и да го избере неговиот наследник. Како што објавивме претходно, најблиску до позицијата е некогашното крило Иван Чупиќ.