По три сезони, приказната за Кери Бредшо и нејзините пријателки во „И токму така…“ завршува.
Популарното продолжение на култната серија „Сексот и градот“ нема да добие четврта сезона, а сегашната трета сезона ќе заврши со финале од два дела на стриминг платформата HBO Max. Според Deadline, извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг ја информирал екипата за одлуката еден ден претходно.
Потврда од извршниот продуцент
Во официјално соопштение, Кинг ги објасни причините за крајот на серијата:
„И токму така… приказната за светот на „Сексот и градот“ завршува. Додека ја пишував последната епизода од третата сезона, сфатив дека ова би било совршено место за да ја завршам. Сара Џесика Паркер, Кејси Блојс, Сара Обри и јас решивме да ја завршиме оваа популарна серија со големо финале од два дела, па затоа ја продолживме сезоната од 10 на 12 епизоди.“
„СЏП и јас ја чувавме оваа вест во тајност до сега бидејќи не сакавме зборот „финална“ да го засени нашето уживање во сезоната. Многу сме благодарни на сите гледачи кои ги пуштија овие ликови во нивните домови и срца низ годините.“
Патување низ три сезони
Серијата „И само така…“, која премиерно се прикажа во декември 2021 година, ги обедини Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Миранда Хобс (Синтија Никсон) и Шарлот Јорк (Кристин Дејвис), следејќи ги нивните авантури во љубовта и животот во Њујорк во нивните постари години.
Во првата сезона, Кери се справуваше со ненадејната смрт на нејзиниот сопруг Биг (Крис Нот), додека Миранда се бореше со криза на идентитетот и врска со комичарот Че Дијаз (Сара Рамирез). Во втората сезона се врати старата љубов на Кери, Ејдан (Џон Корбет), додека третата сезона ја следеше Кери како продолжува по него, а Миранда и Шарлот се соочуваа со нови предизвици во љубовта, семејството и кариерата.
Иако серијата имаше силен почеток и премиерата беше меѓу десетте најгледани епизоди во историјата на HBO Max, гледаноста со текот на времето се намалуваше. Според податоците од Samba TV, премиерата на третата сезона ја гледале 429.000 домаќинства, што е значително намалување во споредба со 463.000 кои го гледале почетокот на втората сезона.