strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески
ЗАБАВА

Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески

Објавено January 4, 2025 10:19
strana.mk
Сподели
Сподели

Подготовките и првичните активности поврзани со снимањето на играниот филм, серијата и документарниот филм за Тоше Проески, според најавите, треба да почнат во текот на оваа година. Конкурсот во врска со снимањето ќе биде објавен од Македонската радио-телевизија, а станува збор за проект којшто треба да се реализира во рок од две години.

Во проектот ќе бидат вклучени повеќе копродуценти, а министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека ќе има копродуценти речиси од сите национални телевизии на Балканот, бидејќи постои многу голема заинтересираност.

Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на државата преку Министерството за дигитализација, а проектот ќе го води Македонската радио-телевизија. Во проектот ќе бидат вклучени многу повеќе копродуценти, се надевам дека ќе бидат копродуценти речиси сите национални телевизии од Балканот, бидејќи навистина има многу голема заинтересираност, изјави неодамна Љутков на брифинг со новинарите.

Дополнително, се размислува и за музичко шоу за млади таленти кое што би го носело името на Тоше Проески.

Тоше беше еден од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Роден е на 25 јануари 1981 година во Прилеп, како второ дете на Никола и Доминика Проески. Неговиот талент првпат е забележан на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1992 година, на кој настапува со песната „ Јас и мојот дедо“, испеана на влашки јазик и компонирана од Христо Христовски – Муларот.

Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ на 5 октомври 2007 година го одржува својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше поддржан од УСАИД, а имаше хуманитарен карактер. Парите од билетите се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. По неговата смрт на истиот датум беа одржани уште неколку концерти во негова чест.

Загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Секоја година во неговото родно Крушево се одбележува годишнината од смртта, а во негова чест маратонци го трчаат ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево. 

Постхумно, е прогласен за почесен граѓанин на земјава и е погребан со најголеми државни почести. Од тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, постхумно е одликуван со Орден за заслуги.

Во неговото родно Крушево на 25 април во 2011 година беше отворена националната установа „Спомен куќата за Тоше Проески“ која што до ден денешен е посетувана од неговите обожаватели и бројни музички ѕвезди. 

Почнува чествувањето по повод 14-годишнината од загинувањето на нашата и балканска голема музичка ѕвезда Тоше Проески, кој го загуби својот живот во сообраќајната несреќа на 16 октомври 2007

Спомен куќата претставува материјализација на целиот негов животен пат и низ содржините обезбедува хронолошки приказ на неговото детство, тинејџерските години и периодот кога го достигна врвот на својата музичка уметничка кариера. 

TAGGED:ДокументарецТоше ПроескиФилм
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Кузмановски: Веруваме дека ќе ја израдуваме македонската нација
Следна статија Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЗАБАВА

Саша Поповиќ пред да почине се лекувал во Париз, случајно открил дека е болен кога скршил нога

Саша Поповиќ почина вчера на 70-годишна возраст по тешко боледување. Нецела година Поповиќ се борел со тешката болест, неговото лекување…

March 2, 2025
ЗАБАВА

Спиел со повеќе од 4000 жени, ги изневерувал и очекувал дете од секоја: Никој немал љубовен живот како „кралот на рокот“

Со децении, љубовниот живот на Мик Џегер завршувал на насловните страници на сите медиуми во светот. Познатиот член на Ролинг…

July 3, 2025
ЗАБАВА

Невработен пар од Германија добива 3.400 евра од државата: Грешка е во системот, не ни е гајле

Невработената двојка од Германија, Мајк (25) и Анжелик (20) живеат од бенефиции што ги добиваат од државата. Поради системска грешка…

January 22, 2025
ЗАБАВА

Хороскопските знаци кои никогаш нема да се извинат дури и кога згрешиле

Извинувањето бара сила, самодоверба и признавање на сопствените грешки, што за многумина не е лесно. Некои луѓе едноставно не можат…

January 7, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?