strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина
ХРОНИКА

Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина

Објавено July 31, 2025 17:15
strana.mk
Сподели
Сподели

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР, по неколкумесечна истрага, го расчисти случајот во кој приватни фотографии на девојки од Гостивар, придружени со текст со вулгарна содржина, беа јавно споделени на лажен профил на социјална мрежа Инстаграм на 28.02.2025. Имено, по преземени мерки, Секторот за компјутерски криминал го откри и пронајден сторителот и К.Н.(27) од Гостивар, по што против него, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казнивo по член 149 од Кривичниот законик.

Пријавениот К.Н., на 28.02.2025 креирал и лажен профил на социјалната мрежа и од профилот објавил постови со фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги набавил без нивна согласност од нивни приватни профили на социјална мрежа. Исто така, злоупотребените лични податоци од пријавителките биле надополнети со текстови со навредлива содржина упатувајќи им јавни навреди од сексистичка природа.

По преземени истражни мерки и добиени податоци, лицето било повикано на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде што го признал делото, по што му е поднесена пријава.

TAGGED:Гостиварецкривична пријава
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Прва средба на гувернерот Славески со ИФЦ – соработка за унапредување на дигиталните финансии и финансиската вклученост
Следна статија Mицкоски: Стратешка грешка беше прифаќањето на т.н. Француски предлог

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонецот д-р Иво Бошкоски воведе револуционерна метода за слабеење во болницата „Џемели“ во Рим

Тетовецот Иво Бошкоски, кој со години гради успешна кариера како доктор во…

August 1, 2025
Ревизија откри низа системски слабости во работењето на ФЗО: Слаба евиденција за дадени аванси за лекување во странство, слаби контролни системи…

Фондот за здравствено осигурување на Македонија доби мислење со резерва од страна…

July 31, 2025

Николовски: Постигнавме историски успех – во јули највисока месечна наплата на приходи од 12,6 милијарди денари

„Во јули постигнавме историски успех. Остваривме…

August 1, 2025

12-годишно девојче од Кина освои медал на Светското првенство во пливање

Кинеската ученичка Зиди Ју (12) стана…

August 1, 2025

Потврдена пресудата на Додик. Доби една година затвор и шестгодишна забрана за политички активности

Претседателот на босанскиот ентитет Република Српска,…

August 1, 2025

Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за…

August 1, 2025

РАЗНО

НАСЛОВНИХРОНИКА

„Ја затворил во викендица, па ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, обинителството поведе постапка против битолчанец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Запалени гуми пуштени да се тркалаат причина за пожарот кај Желино, МВР е на терен

Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 30 пожари, шест се активни, а три се ставени под контрола. Добивме информација за…

July 19, 2025
НАСЛОВНИХРОНИКА

Велибор Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Жежовски: Палевски му испука куршум во слепоочницата на Панче!

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата…

March 12, 2025
ХРОНИКА

Киднапираните мигранти во Студеничани се спасиле откако испратиле мејл со СОС до македонските служби

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна…

March 25, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?