strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачките
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачките
ЕКОНОМИЈА

Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачките

Објавено January 10, 2025 14:40
strana.mk
Сподели
Сподели

Народната банка ги објави новите податоците за платежната статистика за трите квартали од 2024 година кои покажуваат постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјава.

Во трите квартали од 2024 година се забележува значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата. Вкупните трансакции со картички во земјата и во странство издадени од домашните и странски даватели на платежните услуги, пораснале за 11.3% по број и за 13.6% по вредност.

Вредноста на трансакциите на места на продажба за е-трговија изнесуваат 522.5 милиони евра и преставува 9.1% од вкупните трансакции и преставува раст од 7.5% во однос на истиот период минатата година. Притоа овој пораст се должи главно на растот на вредноста на трансакциите направени во странство од домашни иматели на платежни картички кој изнесува 39.7%. Вредноста на направените трансакции кон домашни е-трговци забележува пад од 6.7%.

Ако имаме во предвид дека готовината при достава (Cash on Delivery – CoD) доминира како најчест начин на плаќање во е-трговијата, и тоа според последните податоци на Findex (2021) 47% од македонските онлајн купувачи се потпираат на плаќање во готово, а кај домашните е-трговци постои опцијата за готовина при доставата, што не е случај кај странските е-трговци, може да се каже дека се уште готовината доминира при онлајн плаќањето.

Асоцијацијата за е-трговија, во своето шесто издание направи анализа на е трговијата во земјите од Западен Балкан („Преглед на е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година“, поддржано од НЛБ групацијата) каде што во делот за плаќањето, како една од алките на синџирот на е-трговијата, се согледува дека е слична состојбата и во другите балкански земји во Косово 85%, Албанија 75% и Србија 71%. За споредба, во земји како Австрија и Данска готовината речиси и да не се користи. Македонците, како и балканските купувачи се уште преферираат плаќање со готовина, додека дигиталните плаќања, кои се норма во ЕУ, сè уште се ограничени. 59% од Македонците имаат платежни картички, а 43% од нив ги користат. Уште полоша е состојбата во Албанија, каде што само 8% од популацијата ги користи платежните картички, како и во Косово (21%) и Босна и Херцеговина (23%). Во Србија состојбата е најдобра со 62% иматели на платежни картички и 47% нивно користење. Исто така, користењето на мобилните телефони за плаќање е на ниско ниво. Имено, и покрај тоа што регионот е технолошки добро опремен – мобилната пенетрација е висока, со 95% од населението во Северна Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина кои поседуваат мобилен телефон, употребата на мобилни телефони за финансиски трансакции останува ниска – во Македонија само 36% од корисниците на финансиски услуги ги користат мобилните уреди за плаќања.

Според анкетата, која ја спроведе Асоцијацијата за е-трговија, како дел од споменатиот извештај со фокус на плаќањето при онлајн продажбата, 72.5% од е-трговците истакнаа дека готовината при достава е доминантен метод на плаќање за нивните клиенти, а 82.5% одговориле дека токму клиентите ја претпочитаат оваа опција. Клучни причини за оваа доминација според анкетираните е-трговци се: недовербата во онлајн продавниците, стравот дека нарачаните производи нема да бидат доставени, како и чувство на сигурност при плаќање со готовина. Дополнително, навиките и недоволните дигитални вештини за користење на картички играат значајна улога во популарноста на ќеш плаќањата. И покрај тоа, 62.5% од е-трговците изјавиле дека плаќањето со картички е покорисно за нивниот бизнис, а 45% од нив активно го промовираат користењето на картички. Плаќањето со готовина од друга страна, создава големи неефикасности за е-трговците, како што се неуспешни испораки, зголемени оперативни трошоци и ризик од неформални економски практики.

„Вториот најголем предизвик, со кој се соочуваат е-трговците кои учествуваа во анкетата, е нелојалната конкуренција предизвикана од сивата економија. Плаќањето со готовина ја олеснува оваа нелегална пракса, додека преминот кон дигитални плаќања може да придонесе за намалување на овој предизвик, зголемувајќи ја транспарентноста и формалноста на економијата. За да се намали доминацијата на готовината, потребни се насочени активности за подобрување на дигиталната писменост, намалување на трансакциските трошоци и зголемување на довербата во онлајн плаќањата. Преку овие чекори, македонската и регионалната е-трговија може да станат поконкурентни, поттикнувајќи раст и економска стабилност“ изјави преседателката на Асоцијацијата за е-трговија д-р Нина Ангеловска Станков.

Инаку, годишниот извештај од анализата за е-трговија е изработен со поддршка на NLB Group и беше традиционално презентиран на 7-та регионална конференција за е-трговија. Како шесто издание од серијата, оваа публикација за првпат е објавена на англиски јазик и со проширен фокус кој го опфаќа целиот регион на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Сеопфатниот извештај нуди длабинска анализа на моменталнaта состојба на е-трговијата и трендовите, го прикажува растот на е-трговијата во изминатата година и прави споредба на регионот со поразвиените европски пазари, заснована на секундарни податоци и компаративна анализа. Дополнително, беше спроведено и примарно истражување кое ги анализираше искуствата на е-продавачите во Западен Балкан, со посебен фокус на е-плаќањата, идентификувајќи ги критичните бариери и можности за раст.

TAGGED:народна банкаОнлајн
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Поднесено обвинение за 16 лица во предметот „Премин“: Цариници на Дојран и Ново Село примале поткуп, еве колку пари се пронајдени
Следна статија Годинава ќе бидеме сведоци на вистински градежен бум во општините

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Фирмата „Топлина“ од охридското село Подмоље ќе го копа јагленот во РЕК „Битола“ за 25 милиони евра

Фирмата за градежништво, производство, трговија и услуги „Топлина“ од охридското село Подмоље е избрана за најповолен понудувач на јавниот повик…

March 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јаболка годинава ќе јадеме од увоз – студениот бран ги покоси насадите во Преспа

Преспанскоиот регион не памети вакво оштетување од толку големи размери. Снегот и студениот бран кој ја зафати Преспа целосно го…

April 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светска банка:Македонија треба да инвестира 6,4 милијарди долари за поголема отпорност кон климатските промени

Македонија би можела да се соочи со економски штети до 4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2050 година,…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП со информација за обработката на МПИН пресметките, започна постапка на обнова на јавниот клуч

Управата за јавни приходи започна постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН…

May 26, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?