Во видеото подолу се гледа како македонскиот активист Гоце Панговски ја закопа политичката и ,,научна” кариера на Љубчо Георгиевски.
Во видеото од дебатата која ја води македонскиот новинар и историчар Ицо Најдовски од Австралија екс премиерот добива час по историја а Панговски со аргументи и историски факти ги уништува сите прикриени или полуприкриени обиди на Георгиевски да инсинуира дека Македонците имаат бугарски корени или директни причинско последични врски.
Панговски го остава Георгиевски без збор и во повеќе наврати врз основа на светски и бугарски научници му докажува меѓу другото дека вистинските Бугари уште од времето на Омуртаг немале врска со Македонците.
Покрај политичката кариера Панговски ја уништува и таканаречената ,,научна или историска” кариера на Георгиевски кој се обидува во јавноста да се прикаже како добар познавач на бугарската и македонската историја.
По оваа историска лекција од Панговски логично е Георгиевски да запре со своите ламентации за врските меѓу Бугарите и Македонците
Видеото особено се препорачува на стотината луѓе што можеби сеуште размислуваат на некои следни избори да гласаат за Љубчо Георгиевски