Вистински хаос се случил вчера попладнето во подземниот паркинг на ГТЦ.
Вознемирени граѓани два часа биле „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да работат, а службата за наплата била отсутна.
На шалтерите каде досега рачно се плаќаше паркингот, сега има залепено листови на кои пишува дека наплатата се извршува на автоматите.
Но, граѓаните кои се таму велат дека работел само еден автомат, но бил многу бавен, па се создала целата колона.
Дел од граѓаните се со мали деца, дел, пак, коментирале дека брзаат за на аеродром и ќе го испуштат летот.
Како што ни рекоа сведоци, по некое време рампите биле кренати и потпа возилата возилата излегувале бесплатно.
Од ГТЦ сè уште нема официјално соопштение за причините за дефектот.
Лани во февруари поскапе паркирањето во ГТЦ и наместо 50, чини 70 денари.
Видеата можете да ги погледнете на Макфакс