Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел, го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека ги лаже граѓаните на Косово дека е близок со САД и изјави дека целата меѓународна заедница е против него.
Неколку дена пред парламентарните избори во Косово, Гренел на платформата Х напиша дека администрацијата на Трамп работела и ќе продолжи да работи за мир за сите на Балканот.
„Но ни требаат доверливи партнери. Владата на Курти не беше кредибилна ниту за време на првиот мандат на Трамп, ниту за време на мандатот на Бајден. И републиканците и демократите постојано го критикуваа Курти за преземање унилатерални активности кои го дестабилизираат регионот. Како и ЕУ и НАТО. „Меѓународната заедница е обединета против Курти“, напиша Гренел.
Според него, „американските компании се шират во Албанија и Србија, но не се шират на Косово поради Курти“.
Курти исто така беше против секоја американска идеја понудена од претседателите Клинтон, Буш, Обама, Бајден и Трамп“.
Реториката што Курти сега ја користи, тврдејќи дека е близок до САД и подобар од сите други косовски влади, е апсолутно лажна. Не се залажувајте“, напиша Гренел.