Грипот го достигнува пикот. Клиниката за детски болести и клиниката за респираторни болести Козле имаат и до 200-те пациенти за 24 часа со симпотими на грип и други респираторни болести.
Во болницата Козле има околу десетина хоспитализации и станува збор за доенчиња кои имаат грип. Директорката на болницата Катерина Бошковска вели дека цели семејства доаѓаат болни од грип.
Од болницата Козле објснуваат дека болни деца има повеќе во однос на минатата година и родителите прво да регаираат кај матичните доктори и да не паничат за зголемена температура доколку детето нема други хронични заболувања.
Од Институтот за јавно здравје минатата недела објавија дека за една недела се зголемил бројот за три илјади ново заболени од грип. Во извештајот потврдија дека двајца починале од грип кои имале и други заболувања