strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Грчки медиуми: АЕК службено загуби од Алкалоид, се соочува со опасноста да биде исклучен од Европа
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > СПОРТ > Грчки медиуми: АЕК службено загуби од Алкалоид, се соочува со опасноста да биде исклучен од Европа
СПОРТ

Грчки медиуми: АЕК службено загуби од Алкалоид, се соочува со опасноста да биде исклучен од Европа

Објавено June 6, 2025 17:04
strana.mk
Сподели
Сподели

„Официјално: АЕК службено го губи натпреварот со Алкалоид, а со тоа и европската титула“; „АЕК службено изгуби од Алкалоид-сериозна опасност да биде исклучен од Европа“; „АЕК на хартија го загуби финалето во ЕХФ Европскиот куп од Алкалоид“; се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука на ЕХФ, според која Алкалоид е победник на Европскиот куп, јави дописничката на МИА од Атина.

Од АЕК, засега, над 24 часа по соопштувањето на одлуката од ЕХФ, нема официјална реакција, додека пак Ракометната федерација на Грција соопшти дека преку писмо добиено од ЕХФ биле информирани за одлуката на судискиот комитет.

-Судискиот комитет го досуди натпреварот со резултат 10-0 во корист на Алкалоид, кој го освои ЕХФ Европскиот куп. Според Европската федерација, АЕК има седум дена (до 12 јуни) да поднесе жалба, чиј резултат, сепак, нема суспензивен карактер, соопштија од Грчката ракометна федерација.

Спортските медиуми во Грција, во текстовите објавени денеска, со оглед на тоа што новинарите вчера имаа 24-часовен штрајк, акцентот го ставаат и на тоа дека атинскиот клуб можно е да се соочи и со исклучување од европските натпревари следната сезона, но и потсетуваат на одлуката на АЕК да не го одигра натпреварот во Скопје.

– АЕК одлучи да не се натпреварува, во знак на протест поради блокадата на навивачите на границата на Македонија, што доведе до одложување на финалето од безбедносни причини, како што е наведено во официјалното соопштение на федерацијата. Последиците од оваа одлука беа познати од самиот почеток за „жолто-црните“ и на крај се потврдија. Алкалоид беше прогласен за победник и го крена трофејот на ЕХФ Европскиот куп, пишува порталот „Спорт фм“

-Загубата на титулата на хартија не е крајот на тешкотиите за АЕК. Според соопштението на ЕХФ, можни се дополнителни дисциплински и финансиски санкции, што би можело повеќе да го оптовари клубот, пишува „Спортлајв“.

-За АЕК, случајот не завршува тука бидејќи оваа одлука се однесува исклучиво на натпреварувачкиот дел, додека во однос на дисциплинскиот дел и одговорностите што одговараат на двата тима, случајот сè уште е во тек, со ризик од понатамошни казни што остануваат отворени, пишува порталот „Еноси“ специјализиран за вести поврзани со АЕК.

Државната телевизија ЕРТ коментира дека „АЕК знаеше дека одлуката да не се натпреварува во второто финале на Европскиот куп ќе има последици“, но и дека ова може да влијае и на претстојната сезона.

– Прашањето не завршува тука, бидејќи се очекуваат и одлуки во врска со одговорностите на двата тима за фактот дека натпреварот не се одигра. Домаќините од самиот почеток тврдеа дека одговорноста не е нивна, а „двоглавиот орел“, од друга страна, дури и е во опасност две години да биде исклучен од Европа, пишува во текстот на ЕРТ.

Вториот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп требаше да се одигра во Скопје на 25 мај, меѓутоа се одложи откако гостите одбија да излезат на терен, објаснувајќи дека потегот е во знак на протест поради тоа што, како шѕо соопштија на нивни навивачи не им бил дозволен влез во земјава.

Поради инцидентите предизвикани од навивачите, РК АЕК е казнет и во домашното првенство и следниот натпревар на домашен терен ќе го игра без публика.

Поконкретно, Комитетот за борба против насилството го казни АЕК поради инцидентите што се случија во првото финале од грчкото првенство против Олимпијакос, кога, како што пишуваат грчките медиуми, по натпреварот навивачите на домашниот тим фрлиле шишиња кон навивачите на гостинскиот тим Олимпијакос.

TAGGED:аекалкалоидгрчки медиумиисклучување
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Возач од кочанско фатен со 2,25 промили алкохол во крвта
Следна статија (ВИДЕО) Големо невреме со град и силен дожд го зафати Дојран

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие намирници се природен извор на колаген, кој влијае на здравјето и сјајот на вашата кожа

Кога станува збор за одржување на младешка, мазна и цврста кожа, два…

August 3, 2025
Ова е храна богата со магнезиум

Повеќето луѓе не сфаќаат колку е важен магнезиумот за здравјето. Магнезиумот е…

August 2, 2025

Падна авион кај Мајорка: Се трага по екс воен пилот на САД и неговиот син

Поранешен воен пилот и неговиот син…

August 3, 2025

Обвинителство: Раста „дувал“ марихуана на стадионот во Охри

Обвинителството излезе со изјава за апсењето…

August 3, 2025

Избегнувајте ги овие намирници во текот на летото – Гастроентеролог откри дека се ризични за вашето здравје

За да избегнете здравствени ризици за…

August 3, 2025

(ВИДЕО) Вулканска ерупција на Камчатка за прв пат по повеќе од 500 години

Вулкан на далечниот исток на Русија…

August 3, 2025

РАЗНО

СПОРТ

Играат на исто сценарио: АЕК еднаш веќе доби одигрување на реванш меч на неутрален терен

Ракометарите на АЕК истото сценарио како од Скопје веќе го употребија во четвртфиналето против Партизан во Белград. По хаосот во…

May 26, 2025
СПОРТ

Жестока казна за Жозе Мурињо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај. Во понеделникот, по…

February 28, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ ја освои 100. титула во кариерата

Новак Ѓоковиќ ја освои 100. АТП-титула во кариерата откако триумфираше на турнирот во Женева. Два дена откако наполни 38 години,…

May 24, 2025
СПОРТ

ВИДЕО: Тајсон на мерењето му удри шамар на јутјуберот Пол

Легендарниот Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол се измерени пред мечот во Арлингтон, Тексас. Тајсон (58) тежеше 103,6 килограми, додека…

November 15, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?