strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик
МАКЕДОНИЈА

Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик

Објавено May 24, 2025 17:42
strana.mk
Сподели
Сподели

Нема поприлично место од Охрид и македонската светиња над светињите – црквата „Света Софија“ за празнување и одавање почит на Светите браќа Кирил и Методиј, на оние кои не учеа на единство во верата, на оние благодарејќи на чие дело се удостоивме да го славиме Бога на свој јазик, со свое писмо и од свои книги. Тоа го истакна Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот г.г. Стефан во обраќањето пред присутните на Свечената академија што се одржа во Охрид.

– Овие избледени фрески на „Света Софија“ чиниш ја шепотат сета наша историја и сиот наш помин, и се показ пред светот за тоа кои сме и од кога сме…И навистина природно и прекрасно е што овој настан се одржува овде, во една од највеличествените базилики во православието, во храмот посветен на Премудроста божја, посветен во слава на Словото божјо, во древниот Охрид, градот на Свети Климента, најнадарениот ученик и продолжувач на светото кирилометодиево дело, рече архиепископот Стефан.

Тој потсети дека неслучајно византискиот император Михаил, еден од најмоќните луѓе во тоа време, ги одбрал токму солунските браќа Кирил и Методиј да ги воведат словенските народи од преисториско во историско време, од неписменост во писменост, од духовна непросветеност во цврста закотвеност во пристаништето на нивната вера…

– Светите браќа Кирил и Методиј создале дело од исклучително значење и од историски и во географски конекст, дело кое и 12 столетие по нивното заминување останува живо и делотворно и кое веруваме ќе остане до крајот на вековите.., рече поглаварот на МПЦ.

Тој рече дека и по толкаво временско растојание, од нивното мисионерско дело, пораката и начинот на делување се поучни и за овие денешни, не помалку немирни и не помалку предизвикувачки времиња…Непријателствата меѓу народите, судирите меѓу културите и разните немири во нашите дни, како што рече, не би биле такви и не толкави кога во светот би имало повеќе луѓе со богољубие и човекољубие какви што имале солунските браќа…

– Тогаш кога посилните империи и поетаблираните народи сакале културна и јазична превласт над Словените, Светите Кирил и Методиј не наметнувале туѓ јазик и култура, туку сакале Христовото име и неговата наука да допрат до срцето на секој човек на разбирлив, мајчин јазик…Тие секаде оделе како сејачи на Евангелието, со слово а не со меч, градејќи мостови, делувајќи за Славата божја…рече поглаварот на МПЦ.

Македонците како народ и како Црква, додаде, треба да се особено благодарни на Светите Килил и Методиј што јазикот говорен во солунско беше јазик на нивната проповед, а тој наш јазик стана и остана богосложбен јазик за бројни народи.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, од своја страна своето обраќање го искористи за да потсети дека Кирил и Методиј со создавањето на глаголицата на словенските народи им дадоа не само алатка за писменост, туку и можност да го слушнат и разберат Божјиот збор на својот мајчин јазик.

– За Македонија делото на светите браќа има посебна тежина – тие се симбол на духовна светлина, на културна независност и вековната борба за зачувувањена нашиот јазик, писмо и идентитет. Преку нивната мисија, македонската почва стана мост меѓу Истокот и Западот, меѓу верата и науката, меѓу старото и новото, тие се темелите на нашата писменост…рече меѓу другото таа.

Ангелова истакна дека сеќавањето на Светите Кирил и Методиј не значи само да се поклонува на минатото, туку обврска да се чува јазикот, културата и духот на слободата.

Таа уште истакна дека во духот на мисијата на браќата Кирил и Методиј во Моравија, се роди и УКИМ, првиот државен и државотворен универзитет во земјата, основан далечната 1949 година.

– Од своето основање со три факултети, денес УКИМ прерасна во најголема и најзначајна високообразовна институција во земјата, со 23 факултети, пет научни институти, Православен богословски факултет и седум придружни членки…Со над 25 илјади студенти во прв циклус, повеќе од 2800 вработени, со што претставува столб на образованието и науката во земјата, рече Ангелова.

На Академијата и претходеше и тематска Изложба на досега необјавени ракописи и старопечатни книги од 13, 14 и 16 век, како и промоција на Тројазичниот речник од Ѓорѓија Пулески кој годинава слави 150 години од првото издание, како и делото „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков.

TAGGED:Гг Стефансвети кирил и методиј
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Модриќ и Анчелоти последен пат на „Сантијаго Бернабеу“ (ФОТО)
Следна статија Сабја на Наполеон продадена на аукција за повеќе од 4,6 милиони евра

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

Македонски професор по географија избран за академик во Британија

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, по потекло од Македонија, е избран за член на Академијата за општествени науки…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во петок ќе биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир-Рестилица

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница, во петок, на 25 јули, ќе биде отворен за минување за…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно ѝ се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во сеќавање на жртвите од Кочани: Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани,…

June 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?