Во Русија бизнисмените и политичарите живеат во најлуксузната населба во Москва наречечна „Рубљовка“. Овој компелкс се наоѓа 40 километри надвор од Москва и во него не може секој да влезе.
Целата населба има обезбедување а вилите се приказна за себе. Приватноста е на највиското ниво а тоа е она што високите гости најмногу го бараат. Речиси секоја куќа има базен, голф терени, патеки за трчање, подземни гаражи…
Жители на оваа населба се синот на Слободан Милошевиќ Марко, тука живееше и Мира Марковиќ , Дмитри Медведев, а тука можеби е и сега поранешниот претседател на Сирија Башар ал Асад кому Русија му даде азил.
Аскар Акаев, соборениот претседател на Киргистан, дојде во Москва по бегството од уличните протести познати како револуција на лалињата во 2005 година.
Пред две години, Путин лично потпиша указ за доделување државјанство на поранешниот соработник на американските разузнавачки служби, Едвард Сноуден.