Денеска на Сан Сиро во меч од Лигата на шампионите играат Милан и Црвена звезда. Овој меч за постарите љубители на фудбалот буди спомени од едно убаво време.Беше тоа 1988 година кога на истиот стадион играат истите тимови во тогашниот меч од Купот на европските шампиони.
Милан во најсилен состав со Барези, Анчелоти, и страшните холанѓани Ван Бастен, Гулит и Рајкард.
Тим кој ја покори Европа неколку години по ред. Црвена звезда пак со една ѕвезда во тимот тоа е Драган Стојковиќ Пикси. Во тимот на југословенскиот шампион беше и нашиот Илија Најдоски.
Мечот почна одлично за Звезда и Писки даде гол за 0-1, но набрзо миланезите изедначија. Тоа беше и конечен резултат.
„Творац чуда у Милану“ беше насловот во спортскиот магазин „Темпо“ кој ја величаше играта на Пикси.
Со нетрпение се чекаше реваншот во Белград. Дојде и тој меч и почна одлично за Звезда која поведе со голот на Савичевиќ. И тогаш се случи нешто што само господ може да го изрежира. Над стадионот падна густа магла.
Буквално не се гледаше ништо. Судијата реши да го прекине мечот. Според тогашните правила на УЕФА мораше да се игра нов меч следниот ден од почеток.
На следниот, трет меч беше идентично 1-1 како во Милано и по изведувањето на пенали Милан отиде понатаму, до европска титула.