Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт? И Венко Филипче како претседател на СДС и Даниела Алексовска Стојановска треба да кажат како е уреден односот за користење на деловен простор во нејзината семејна куќа во Ранковце од страна на СДС“, праша Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали СДС плаќала кирија за закуп на судијката и колку? Дали киријата ја плаќале на сметка или во готовина?
Доколку СДС не плаќале за изнајмување на простор дали истите пријавиле донација од страна на судијката во форма на отстапување на деловен простор без надоместок?
Додека СДС и Даниела Алексовска Стојановска смислуваат одговор, судскиот совет да донесе одлука за разрешување на судијката која наркодилер наместо во затвор испратила во поправен дом.
Судскиот совет не може да се прави дека не ги гледа аргументите. Која и ситуација од погоре поставените дилеми да е вистина Даниела Алексовска Стојановска само поради тоа не смее да биде повеќе судијка. Одговорност мора да има“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.