Тела на маж и жена утрово се пронајдени во куќа во селото Морани откако во неа избувнал пожар.
Случајот во полицијата бил пријавен околу 4 часот.
-Пријавено е дека во селото Морани, во викенд населбата гори куќа, сопственост на Р.Н. (66). На лице место се упатени полициски службеници и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Во куќата се пронајдени две тела, а по наредба на јавен обвинител, телата се предадени за обдукција. Во 09.30 часот пожарот бил изгаснат, информираат од МВР.
Причината за пожарот допрва ќе се утврдува.