Јутјуберот и боксерот Џејк Пол го победи славниот Мајк Тајсон, а на синоќешниот меч негов најголем поддржувач беше неговата девојка Јута Лирдам која го привлече вниманието со своето издание.
Убавата 25-годишна Холанѓанка е лизгачка специјализирана за спринтерски дисциплини и инфлуенсерка која на Инстаграм ја следат 4,6 милиони луѓе, а на својот профил објави видео пред мечот кој се одигра на стадионот „АТ&Т“ во Тексас.
Подготвена за вечерва“, напиша таа покрај клипот кој им се допадна на речиси 240.000 луѓе, во кој позираше со Јутјуберот во елегантен бел фустан со отворен грб со висок шлиц.
Инаку, парот е во врска од април минатата година, а нивната љубов процвета откако почнаа да се допишуваат на Инстаграм. Јута и Џејк силно се поддржуваат еден со друг, а Пол често присуствува на спортски настани на кои таа учествува.
Jake Paul real win is his girlfriend, Jutta Leerdam #TysonPaul pic.twitter.com/HcIYkvprux
— NordicGirls🌲 (@nord_nordic) November 16, 2024