Кошаркарите на Денвер нагетс и се реваншираа на Оклахома сити тандер за поразот од неделата откако изминатата ноќ славеа на гостински терен во еден крајно интересен натпревар со 127-140.
Никола Јокиќ одигра нова МВП партија завршувајќи го мечот со 35 поени надополнети со 18 скока и осум асистенции. Кај поразените Лугенц Дорт заврши со 26 поени, додека Шеј го заврши мечот со 25 поени зад своето име, што беше за 15 помалку од натпреварот пред два дена.
НБА резултати:
Атланта – Филаделфија 132:123
Бостон – Јута 114:108
Бруклин – ЛА Лејкерс 111:108
Мајами – Шарлот 102:105
Торонто – Вашингтон 119:104
Чикаго – Индијана 121:103
Хјустон – Орландо 97:84
Мемфис – Финикс 120:118
Оклахома – Денвер 127:140
Сан Антонио – Далас 129:133
Голден Стејт – Портланд 130:120
Сакраменто – Њујорк 104:133