Денеска, 21 декември 2024 година, во 22 часот и 27 минути, настапува зимската краткоденица, која го означува почетокот на календарската зима на северната хемисфера на Земјата.
Овој ден ќе биде најкраток во годината со само 8 часа и 59 минути дневна светлина, додека ноќта ќе трае дури 15 часа и 1 минута.
Во просек, зимата на северната хемисфера трае 89 дена, што значи дека пролетта официјално ќе пристигне во вторник, на 20 март 2025 година.