strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Денеска е петок 13. – Дали навистина е несреќен датум?
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЗАБАВА > Денеска е петок 13. – Дали навистина е несреќен датум?
ЗАБАВА

Денеска е петок 13. – Дали навистина е несреќен датум?

Објавено December 13, 2024 12:49
strana.mk
Сподели
Сподели

Според многумина во светот, петок 13-ти е најнесреќниот ден во годината. Психолозите дури имаат и дијагноза за она кога тој страв е прекумерен – фобија од петок 13 или параскаведекатријафобија.

Ова прилично распространето суеверие, според некои познавачи, можеби потекнува од средниот век, а можеби дури и од библиско време. По некои преданија, тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнала поплавата и изградбата на Вавилонската кула. Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборуваат за последните Исусови искушенија на Велики четврток, ден пред распнувањето на Христос на Велики петок.

Некои историчари, пак, веруваат дека сè тоа почнало кога францускиот крал Филип Четврти затворил стотици „Темплари“ во петок, на 13 октомври 1307 година. Во „Кодот на Да Винчи“, писателот Ден Браун ја споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Моле на петок 13. Тој, според приказната, ги проколнал папата и кралот на Франција.

Можно е и романот на Томас Лосон од 1907 година – „Петок 13-ти“ да одиграл значајна улога во ширењето на ова суеверие. Во романот, бескрупулозниот брокер го користи уверувањето за да создаде паника на Волстрит на петок 13-ти.

По 20 години, во 1927. се случил вториот најголем крах на берзата во историјата. Денот остана запаметен како „црн петок“ и тоа уште повеќе им влеа страв на Американците, па стравот се проширил и во Европа и остатокот од светот.

Стравот од бројот 13, веројатно, е поврзан и со норманскиот мит за 12 богови кои подготвиле вечера на којашто дошол непоканет 13-ти гостин – лукавиот Локи. Тој го измамил слепиот бог на темнината Ходер да го застрела богот на радоста Балдер – по што „целата земја беше обвиена во црно“, вели преданието.

Тоа наведува кон претпоставката дека бројот 13 се сметал за несреќен и во ерата пред Христа. Имено, историски, бројот 12 се сметал за едно цело, односно совршенство – има 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часа на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 хороскопски знаци… А, 13 ја нарушува таа хармонија.

Во многу земји, на пр., високите згради немаат 13-ти кат. Куќите на бројни улици, исто така, често го немаат бројот 13, а многу хотели, немаат соба бр. 13. Во САД се смета за несреќа ако 13 луѓе вечераат заедно, како што верувал американскиот претседател Теодор Рузвелт. Тој одбивал и да патува во петок, 13-ти.

Во Округот Сомерсет, во Велика Британија, се вели дека „оној кој го преместува креветот во петок, ги превртува бродовите на море, а во Округот Кумбрија бебињата родени во петок се ставаат на Библија. Во некои области, кој ќе се јави на лекар првпат в петок, „ја предвидува смртта“, гласи едно од верувањата.

Потстрижувањето на косата или сечењето нокти во петок исто така се смета за несреќно, а некои и не се венчаат, или одбиваат да купат куќа во петок, па и според статистиката, сѐ помалку луѓе летаат со авион на тој ден.

Од малку поведрите податоци, на петок 13-ти во 1930 година, била основана првата нудистичка колонија – во Велика Британија, во Норт Девон. Во САД, пак, на ридот над Лос Анџелес, бил откриен знакот „Холивуд“ на петок 13-ти, 1923 година.

Многу верувања и обичаи се поврзани со овој ден, но она што се пренесува „од колено на колено“ се одредени работи кои се целосно забранети.

Да се поминува под скали

Ова верување има свои корени во раното христијанство. Навалената скала формира триаголник со ѕидот и земјата, што го претставува светото тројство, кое не смее да се нарушува. Не ја пробувајте среќата и заобиколете ги!

Црните мачки треба да се избегнуваат

Суеверните веруваат дека црната мачка носи лоша среќа ако го поминете патот од лево кон десно пред неа. Ако навистина ви помине пред вас, направете три чекори назад. За да ја избришат секоја трага од другите религии, христијанските свештеници наводно ги убедувале своите поданици дека црните мачки се зли демони.

Скршено огледало

Во антички Рим, луѓето се рефлектирале во беспрекорно мирната вода на базените. Се верувало дека одразот всушност ја претставува нечија душа и дека е опасно да се фрли камен во базенот додека се рефлектира. Истото суеверие подоцна се проширило и на огледалата. Според верувањата, кој ќе го скрши огледалото го чека седум години несреќа.

Станување на левата нога

Суеверните велат дека никогаш не треба да станувате од кревет на лева нога, особено не на петок 13.

Да убие бубамара

Убиството на овој инсект носи лоша среќа бидејќи, според некои верувања, таа ја претставува Дева Марија.

Туѓа лажица

Исто така, се верува дека малер ќе ги бие оние што јадат од туѓа лажица. За да се скрши малтерот во овој случај, потребно е трипати брзо да се дува во лажицата и да се избрка лошата среќа.

Отворање чадор

Можна е причинско-последична врска помеѓу злото (дожд) и заштитата (чадор). Каде има едно, има и друго. Отворајќи чадор каде што нема зло, всушност нема дожд, повикувате некое друго зло.

Фобијата од петок 13

Фобијата или стравот од „црниот“ петок има свое професионално име – Параскевидекатријафобија. Името е изведено од грчките зборови параскеви (петок), dekatreis (тринаесет) и зборот фобија (страв). Од стравот од петок 13 страдаше и американскиот претседател Френклин Рузвелт, кој не патувал во тој ден од месецот и никогаш не угостил 13 гости на масата.

TAGGED:вистинамитнесреќен датумпеток 13
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Инвестиција од 40 милиони евра и до 600 нови вработувања: Стартуваше изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили
Следна статија Мицкоски: ДУИ сака да ја дефокусира јавноста, да го заштити криминално стекнатиот капитал

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова се препораките на Институтот за јавно здравје за време на празниците

Институтотт за јавно здравје излезе со препораки за граѓаните за време на…

January 1, 2026
Радосна вест од Детска клиника: Дамјан ја совлада болеста и храбро заѕвони на победничкото ѕвонче

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде…

November 22, 2025

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən ənənələr

Tarazı oyunlarının tarixi inkişafı zamanla dəyişən…

March 10, 2026

Master essential tips and tricks for a successful casino experience

Master essential tips and tricks for…

March 10, 2026

Mastering casino strategies Essential tips and tricks from chicken road casino

Mastering casino strategies Essential tips and…

March 10, 2026

Mythos & Millionen Spiele gates of olympus und ergreife deinen Anteil am göttlichen Reichtum.

Mythos & Millionen: Spiele gates of…

March 10, 2026

РАЗНО

ЗАБАВА

Кристијан Голубовиќ го предупредил Аркан дека му спремаат убиство!

Кристијан Голубовиќ го предупредил Аркан дека се подготвува неговото убиство. – Долго време околу Аркан се плетеше корумпирана група.Аркан секогаш…

July 3, 2025
ЗАБАВА

Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот музички награди Billboard

Американската пејачка и кантавторка Тејлор Свифт изјави дека тоа што ќе влезе во историјата како најнаградувана добитничка на музичките награди…

December 13, 2024
ЗАБАВА

Научници ги вратиле во живот „страшните волци“, праисториско животно изумрено пред 12.000 години

Научниците од компанијата „Colossal Biosciences“ во САД, вратиле во живот еден вид волци кои талкале по рамнините и планините на…

April 11, 2025
ЗАБАВА

Им се верува без збор: Знаци со најголем интегритет

Оние кои бараат внимание не се ни најгласните во општеството, но кога ветуваат нешто, го исполнуваат. Не ви е потребен…

June 10, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?