strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ХРОНИКА > Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил
ХРОНИКА

Денеска пресуда за сообраќајката во која загина Фросина, нејзиното семејство бара највисока казна за Васил

Објавено May 13, 2025 08:22
strana.mk
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој тој му дозволувал на својот син да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека нема возачка дозвола и е сторител на сообраќајни деликти.

На рочиштето за прегазувањето на Кулакова што се одржа мината недела се изведуваа само докази кои се однесуваа на висината на казната, а не и за настанот, со оглед дека Јованов го призна делото.

Обвинителот Александар Марковски, како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од три години и десет месеци и пет прекршочни постапки кои не се процесуирани за разни сообраќајни прекршоци.

Бранителот на Јованов, адвокатот Сашко Дуковски пред судот достави докази за положени испити на факултет и медали од освоени натпревари во бокс, доказ од Ракометнана федерација дека е регистриран играч за сезоната 2021-22 и видео со времетраење од 36 секунди, за кое рече дека одбраната сака да го покаже пред Судот односот на обвинетиот непосредно по стореното дело и неговото искрено каење извикувајќи „леле што направив” и „греота за девојчето”.

Обвинителот му посочи на Судот да пристапи со должно внимание на оваа снимка, со оглед на квалитетот на звукот и дека тоа што било кажано е така од збор до збор.

Адвокатот на семејството Кулакови, во завршниот збор побара највисока казна за обвинетиот, земајќи ги како отежнителни околности тоа што управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.

Бранителот на Јованов во завршниот збор рече дека во оваа сообраќајна несреќа губитници се двете семејства и дека е тешко и за семејството на загинатата Фросина, но исто така е тешко, како за обвинетиот, така и за неговото семејство.

– Овој кривично- правен предмет не е само предмет што доби медиумска помпа, туку се претвори во јавна хајка и линч против обвинетиот. Од првиот ден се повикуваше на линч и смртна казна. Да, Васил е виновен, но не може да се бара смртна казна. Сметам дека Република Македонија е демократска држава и владее закон, а не законот на линч и око за око, заб за заб, изјави адвокатот Дуковски.

Повика да се престане со инсинуации, нагласувајќи дека Васил ниту избегал, ниту се обидел, и да било така, дека обвинителот ќе го гонел и за неукажување на помош.

Тој, исто така, укажа и на судската пракса за вакви дела, посочувајќи на сообраќајната несреќа на истата локација од другата страна на Партизанска од 2018 година, каде под дејство на алкохол со признание на вина е досудена казна од 3.5 години затвор, како и на сообраќајната несреќа во Велес, каде животот го загуби 11 годишно девојче, за што возачот го негираше делото и се обидел да избега, а доби осум години затвор.

Обвинетиот Васил Јованов, во завршен збор пред Судот, уште еднаш изрази каење за случајот.

-Не можам да објаснам какво каење чуствувам. Не поминал ден да не се помолам за душата на Фросина и за нејзината фамилија. Тоа е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам уште еднаш да искажам најдлабоко сочувство и извинување на семејството и на сите кои ги познавам, изјави Јованов.

TAGGED:васил јовановпресудафросина кулакова
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот, фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
Следна статија Македон со нов златен медал – сега се подготвува за супер финале во Бугарија со најдобрите математичари од светот!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во повеќе градови почнува бесплатен скрининг за детектирање на болести на црниот дроб

Министерството за здравство, заедно со Хепар Центар-Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и…

July 28, 2025
Нова студија открива: Дали стевиата може да се користи како лек за рак?

Според ново истражување, растителна замена за шеќер - стевиа, би можела да…

July 27, 2025

Украле 500 милиони долари: Разбиена меѓународна хакерска мрежа

Меѓународните истражители ја разбија мрежата на…

July 29, 2025

Сијарто за договорот со САД: Европската Унија е понижена и исмеана

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер…

July 29, 2025

И во Босна масовна емиграција како во Македонија: На последниот попис изгубила повеќе од 620.000 жители

Босна и Херцеговина изгуби повеќе од…

July 29, 2025

Не ви е јасно нешто за пензијата? Од сега граѓаните може да се информираат во ПИОМ на бројот 02/ 15 215

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување…

July 29, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Mасовна тепачка во Штип меѓу две семејства

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.K., М.K., М.K., А.K., А.K., М.Ќ. и Џ.Д. поради постоење основи на сомнение за…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Браќата од село Луке го убиле соседот за 6.000 денари, телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои…

April 8, 2025
ХРОНИКА

Маж изгоре во пожар во неговата куќа во Велес

Eден маж загина во пожарот што вчеравечер се случил во запалена куќа на ул. „Љубен Весов“ бр. 54 во Велес.…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Приведен сопственикот на дискотеката во Кочани, лиценцата на дискотеката била до 24 март

Сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина 51 лице, е приведен. Според информации на…

March 16, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?