strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Детали за акцијата „Бункер“: Четворица уапсени, организирале нарачани убиства – Еден од убиените е и Оки од групата Грчец
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > НАСЛОВНИ > Детали за акцијата „Бункер“: Четворица уапсени, организирале нарачани убиства – Еден од убиените е и Оки од групата Грчец
НАСЛОВНИХРОНИКА

Детали за акцијата „Бункер“: Четворица уапсени, организирале нарачани убиства – Еден од убиените е и Оки од групата Грчец

Објавено May 21, 2025 14:48
strana.mk
Сподели
Сподели

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во предметот под кодно име „Бункер“, под раководство на предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска во текот на утринските часови единиците на МВР извршија претреси на пет локации во Скопје. При претресите четири лица се приведени, а во дом на еден од осомничените е пронајдено поголемо количество на марихуана што ќе биде предмет на вештачење.

Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четворицата приведени за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело Убиство, а еден од осомничените сторил и кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според обезбедените докази во текот на 2023 година осомничените станале припадници на група која дејствувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривични дела Убиство од одмазда и по порачка за кое е пропишана затворска казна од најмалку десет години или доживотен затвор и други кривични дела. Тие прифаќајќи ги одлуките и насоките од организаторите на криминалната група, во континуитет преземале дејствија на обезбедување услови, отстранување пречки и ставање средства на располагање за извршување на порачките за лишување лица од живот. Така, тројца од осомничените во текот на месец јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен – организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставената организирана криминална група Грчец. Во месец мај 2024 година, пред објект на т.н. пластичарска улица двајца осомничени извршиле убиство на едно лице, а при заминување од местото пукале во возило што било паркирано во непосредна близина при што повредиле други лица од кои едно лице починало, се вели во соопштението на ОЈО ГОКК.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети условите за тројца од осомничените до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор, додека за еден осомничен предлог за определување мерки на претпазливост.

TAGGED:АкцијаБункерМВРОки
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Дел од минатите раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, во моментот тоа се истражува
Следна статија Случајот за убиствата на Вања и Панче при крај, на втори јуни почнуваат завршните зборови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ХРОНИКА

Девојче нападната со остар предмет од нејзиното поранешно момче

На 17.12.2024 во 21:30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од с.Бојане, скопско, пријавила дека на 15.12.2024 околу 20:30 часот…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Кешишев одговори на низа прашања: Кажав сè бидејќи имам грижа на совест поради тоа што го видов

На судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев денеска беше детално испрашуван од обвинетиот Љупчо Палевски, кој…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет, не знам кој глас треба да допре до ЈО за да постапи

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва од собраниската говорница рече дека има неколку стотици случаи од Министерството за внатрешни работи и финансиската…

November 28, 2024
ХРОНИКА

Во Охрид полицаец е фатен на работно место со дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава…

April 2, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?