strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година

Објавено July 10, 2025 11:14
strana.mk
Сподели
Сподели

Вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици на Параламентарните избори во 2024 се во износ од 386.710 илјади денари и ги опфаќаат приходите остварени на трансакциските сметки „за изборната кампања“ (140.978 илјади денари), приходите од донациите во ствари (963 илјади денари) и приходите обезбедени од буџетот на државата за објавено платено политичко рекламирање (ППР) (244.769 илјади денари). Тоа укажува дека 63,3 проценти од вкупните приходи се обезбедени од Буџетот на државата и исплатени од Државната изборна комисија, додека 26,7 проценти се средства обезбедени од други извори на финансирање. 

Државниот завод за ревизија денеска го објави извештајот од извршената финансиска ревизија заедно со ревизија на усогласеност на вкупните финансиски извештаи на сметките „за изборна кампања“ на сите учесници на Парламентарните избори во 2024 година, подготвен согласно Годишната програма за работа за 2024 година и член 85 од Изборниот законик.

– Најголемо учество во вкупните приходи има Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ (37%), по што следат Коалиција за ЕВРОПСКА ИДНИНА предводена од СДСМ (25%), Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ предводена од

ДУИ (15%), Коалиција ВЛЕН предводена од Алтернатива (13%), ПП Левица (4%), Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА предводена од ГРОМ (2%) додека учеството на останатите учесници е под 1%, информира ДЗР.

Од страна на ДИК за ППР на радиодифузерите и печатените медиуми и интернет порталите, исплатени им се вкупно 244.769 илјади денари или 3.979.984 евра, за 16 учесници во Парламентарните избори 2024 година. 

Во соопштението од ДЗР се наведува дека вкупните расходи направени од учесниците во изборната кампања за избор на пратеници се во износ од 386.710 илјади денари, од кои 140.261 илјада денари се плаќања од трансакциските сметки, 963 се расходи по основ на примени донации во не парични средства и 244.769 илјади денари се расходи за објавено ППР. Неискористените финансиски средства, од трансакциските сметки „за изборна кампања“ кои согласно финансиските извештаи се прикажани како расходи во вкупен износ од 717 илјади денари се вратени на сметките за редовно работење на политичките партии. Најголемо учество во вкупните расходи 63,3 проценти имаат расходите за платено полотички рекламирање, по што следат расходите исплатени од трансакциските сметки за набавка на стоки и услуги 36,3 проценти.

Исплатените средства од трансакциските сметки „за изборна кампања“ во вкупен износ од 140.261 илјада денари се однесуваат на плаќања за: набавка на материјали, други материјални расходи, комунални услуги, превозни-транспортни услуги, реклама и пропаганда, репрезентација, интелектуални услуги, сметководствени услуги, одржување на предизборни собири, изнајмување на простор за време на ИК, провизии за платен промет и надоместоци за банкарски услуги и други расходи. 

Со извршената ревизија е утврдено дека ниту еден од учесниците нема реализирани расходи повеќе од законски утврдениот максимум. Најмногу средства се потрошени во изборната кампања за Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ (72% од законски дозволениот максимум), по што следат Коалиција за ЕВРОПСКА ИДНИНА предводена од СДСМ (49%), Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ предводена од ДУИ (29%), Коалиција ВЛЕН предводена од Алтернатива (25%), ПП Левица (8%), Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА предводена од ГРОМ (4%), додека останатите учесници имаат потрошено средства во износ од 1% или под 1% од законски утврдениот максимум.

– Не сите учесници во изборната кампања обезбедија почитување на роковите за затворање на трансакциските сметки „за изборна кампања“ и бришење од регистарот на правни лица како и транспарентност, односно до ДЗР не доставија дел од извештаите за остварените приходи и расходи на трансакциските сметки „за изборна кампања“. За одржаните парламентарни избори 2024 година, учесниците во изборната кампања ПП Нова Алтернатива, Европско граѓанско движење и Македонска Ера трета, до ДЗР немаат доставено вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, со што извршија ограничување во опфатот на ревизијата, се вели во соопштението.

ДЗР повторно укажува на потребата од доуредување на Изборниот законик пред се во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија обезбедени од Буџетот на државата, како и крајниот рок за уплата на донации, како и за пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на државата, наменети за платено политичко рекламирање. Исто така и за начинот на кој донаторите ќе докажат/потврдат дека не се „поврзани лица„ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии, за условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во Државната изборна комисија, како и за пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми (интернет портали).

Препорачува да се определи надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми (интернет портали), да се воспоставуви интероперабилен систем/софтверско решение за размена и контрола на податоци за активност на банерите кој ќе има техничка можност за собирање на метрички и статистички податоци, да се предвиди глоби и за електронските медиуми (електронските портали) во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа и да се обебзеди едукација на учесниците во изборната кампања за начинот на подготовка на вкупниот финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања. 

Покрај поединечни конечните ревизорски извештаи за 17-те учесници на парламентарните избори 2024 година, ДЗР објави и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со парламентарните избори 2024 година и Збирен извештај за спроведените ревизии поврзани со претседателските избори 2024 година, а сите документи се достапни на линковите:  Политички партии – Изборна кампања за парламентарни избори 2024 | Државен Завод за Ревизија   Microsoft Word – 1_ Zbiren izvestaj Parlamentarni izbori 2024 70 ?@0\0Z5 ?> !” Microsoft Word – 18@5= 8725HB0X_˘ˆ_˜@5BA540B5;A:8 !”.

Ревизорите утврдиле дека вкупните приходи и расходи на сите седум учесници во изборната кампања за Претседателските избори се во износ од 461.470 илјади денари, а 77 проценти од нив или 354.257 илјади денари, се обезбедени од Буџетот на државата за платено политичко рекламирање и се исплатени преку Државната изборна комисија директно на медиумите.

– Со извршените ревизии  е утврдено дека дел од учесниците во изборната кампања помалку ги прикажале остварените приходи и расходи на трансакциската сметка „за изборна кампања“; во вкупниот финансиски извештај во целост не ги прикажале средствата обезбедени за платено политичко рекламирање и не обезбедиле почитување на крајниот рок за затворање на трансакциската сметка „за изборна кампања“. За утврдените состојби не се дадени препораки од причина што субјектите предмет на ревизија се регистрирани само за овој изборен процес, стои во Збирниот извештај за спроведените ревизии поврзани со претседателските избори 2024 година.

TAGGED:буџетдзризборни кампањи
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Робот изврши 100 отсто успешна самостојна операција
Следна статија Маск се соочува со можеби најголеми проблеми досега: Не прекинува, навредува се по ред

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки…

November 20, 2025
Клиниката за детски болести доби нов дигитален мобилен рендген-апарат

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Бесим Мемеди, денеска, на Клиниката…

August 5, 2025

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен…

December 2, 2025

(ВИДЕО) Николоски: Пробиени 17 километри од новиот автопат Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8

На делницата Скопје – Струга –…

December 1, 2025

(ВИДЕО) Започна новата лизгачка сезона во СЦ „Борис Трајковски“

Официјално започна новата лизгачка сезона во…

November 29, 2025

(ВИДЕО) Додик ја прослави победата со песна: „Само тако, само тако…“

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, ја…

November 24, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредување: Утре ќе дува засилен ветер, над 70 километри на час

Управата за хидрометеоролошки работи извести дека утре низ земјава наместа ќе дува засилен северен ветер, дури над 70 километри на…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе го положи Чесниот крст во Охридско Езеро за Водици

Архиепископот на Македонската православна црква ОА, неговото блаженство господин господин Стефан ќе раководи со чинот на осветувањето на водите на…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пуштен е во употреба затворениот базен во Кисела Вода, до крајот на летото ќе се завршат уште 4

Јас немам што да додадам повеќе од тоа веќе го кажа и министерот и компанијата којашто го изгради овој објект…

July 28, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Премиерот Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски им изрази поддршка на македонските ракометари. -И во победа и во пораз сме заедно,…

January 17, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?