strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > МАКЕДОНИЈА > Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата
МАКЕДОНИЈА

Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата

Објавено October 17, 2024 22:56
strana.mk
Сподели
Сподели

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека лично е разочаран од одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, и очекува пораст на евроскептицизмот во државата, но смета дека дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата со достоинствено бранење на државните интереси.

– Па лично сум разочаран. Првично и посакувам успех на Албанија, таа е наша држава земја сосед и треба да се интегрира како што треба и целиот регион. Јас имам еден став дека искрено мене ми пречи терминот Западен Балкан бидејќи тоа им го кажувам на сите странски дипломати од европските земји. Ние не сме ништо помалку европејци од нив самите. Само што тие имале среќа да се родат во Западна Еворпа, ние сме се родиле во јуогоисточна и источна Европа. Мислам дека ако ЕУ не изнајде инстурменти, средства бидејќи ние разговараме на мултилатерално ниво сега за еден билатерален проблем самонаметнат од страна од Бугарија, евроскептицизмот ќе се поткрева во државата. И мислам тоа што суштински се бориме да не дозволиме странско друго влијание во регионот, притоа сметајќи на кинеското и руското, за жал ќе се зголемува и Европа треба да биде свесна за тоа. Затоа сметам дека нашите дипломатски напори треба да продолжат, но притоа со исправена кичма не со свиткана кичма, достоинствено да ги браниме нашите државни национални интереси како македонски народ, македонска држава и интереси на сите граѓани на Македонија, вели Димитриевски во Само интервју на Канал 5 телевизија.

Во владината коалиција тој и премиерот делат сличен став за уставни измени со одложено дејство, а во однос на ветувањата на ВЛЕН дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ, претседателот на ЗНАМ вели дека тоа се нереални ветувања нагласува дека уставни измени се можни само со одложена примена и ако се добијат гаранции од Брисел за идентитетот и јазикот.

– Јас не инсистирам да кажам дека тоа е мој предлог, бидејќи е мој предлог, го кажав овде, мислам на 6 јули со колегата Таравари. Мене ми е многу мило што денеска тој е составен дел на владината програма и апсолутно мнозинството во Парламентот го има поддржано со гласањето на оваа Влада. Ние како помал, не помалку вреден владин партнер, сме задоволни што нашите ставови се имплементирани во таа владина програма. Она што ќе се случи сигурно и повеќе од јасно е дека сето тоа беше отфрлено од бугарската те. европската страна. И очигледно дека во Бугарија не постои воопшто ниту мал процент на интерес да се надмине овој проблем. Ставовите на претседателот Радев се јасни, дури неколкупати се обидоа да не понижат. Но, тоа не ја отсликува реалната слика на бугарското општество и бугарската јавност. Кога вие разговорите со бугарските граѓани тие се растеретени со ова прашање… Уставни измени под овие услови како што се диктираат, не можат да се случат. Уставни измени можат да се случат по основ на добра волја на мнозинстовто во Парламентот, ако претходно ние како народ бидеме и ни биде гарантирано значи континуитетот, самобитноста, јазикот, културата, идентитетот и историјата. Тоа мора да го гарантира ЕУ, бидејќи таа е преговарач во овој процес сега во моментот. Последниот пат претседателот Радев рече дека вие преговарате со ЕУ, не преговарате веќе со нас, за нас е завршена работа, вели Димитриевски.

Според него, претходната Влада со потпишување на првиот и на вториот протокол и прифаќањето на францускиот предлог не довела во ваква состојба каква што сме денес, и едноставно ние мора да се бориме за нашите позиции.

– Она што е многу побитно за нас е ние Македонците првенствено треба да се обединеме по ова прашање, да изградиме консензус, да побараме поддршка од останатите граѓани во државата коишто живеат, а припаѓаат на останатите етнички заедници, ставајќи акцент и барање до албанската заедница да не разбере дека овде се работи директно за национални чувства на Македонците како составен дел и мнозинско население во оваа држава, и заедно да ја извојуваме оваа битка, вели Димитриевски.

Тој наведува дека досега немало уцени ниту од ВРЕДИ, ниту од ДУИ, ниту од кој било друг политички субјект додека ЗНАМ е составен дел на оваа Влада, а ние, вели, ќе бидеме составен дел на оваа Влада до моментот до кога сметаме дека оваа Влада работи искрено, посветено, и во интерес на граѓаните и на државата.

Во однос на предлогот на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ако неможат ЕУ и Бугарија да ни дадат гаранција дека нема да има ново вето, самите со Уставниот закон да предвидиме дека доколку се случат нови блокади да ги поништиме уставните измени, лидерот на ЗНАМ вели дека е тоа задоцнета реакција и е нерелевантен предлог.

– За мене секој предлог кој што ќе излезе во јавноста имам капацитет да го сослушам, да го изанализирам но мислам дека истиот коинцидира со претходниот предлог, или актуелниот предлог кој што е на сила и можеби треба да се бара некоја алтернативно решение кое ви ниту еден момент нема да ја донесе Македонија во незавидна состојба, вели Димитриевски.

Тој не очекува промени во однос на официјалната позицијата на Бугарија по изборите, бидејќи вели тоа е став на бугарското Собрание. Оценува дека решението треба да се бара преку лобирање во ЕУ кај земјите членки и преку Атлантикот.

-Лобирањето треба да дојде од надвор, и нашата дипломатија треба да си ја сработи работата многу поинтензивно во делот на поголемите држави членки на ЕУ кои треба да извршат дополнителен притисок на другата страна која многу умешно успеа еден билатерален самонаметнат проблем успеа да го трансформира во мултилатерален, за кој ние денес за жал разговараме на мултилатерално ниво со сите држави членки на ЕУ преку самите институции на ЕУ, вели претседателот на ЗНАМ.

Прашан на што се должи оптимизмот на премиерот Мицкоски по враќањето од Брисел, тој очекува оваа или следната недела да поразговараат за тоа како коалициски партнери, при тоа наведувајќи ги интересите на ЕУ во актуелниот геостратешки момент, на фактот дека приемот на Бугарија и на Романија во Унијата беше политичка одлука, и како што вели, на отворањето простор за продор на кинеско и руско влијание во регионот.

TAGGED:максим димитриевски
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Мицкоски: Се додека ја водам Владата ќе ги бранам националните интереси
Следна статија Мицкоски: Треба половина милијарда евра да се потрошат за пруга која нема продолжување кај источниот сосед

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот…

June 17, 2025
Новиот лек за рак покажува одлични резултати – „Изненадена сум што сум жива“

Стотици илјади луѓе со напреднат рак на главата и вратот би можеле…

June 17, 2025

Србинка пронајдена мртва на плажа во Грција

Државјанка на Србија (73) е пронајдена…

June 18, 2025

70-годишниот актер Келси Грамер по осми пат ќе стане татко

Американскиот глумец Келси Грамер на 70-годишна…

June 18, 2025

(ВИДЕО) Работел кај хрватскиот претседател: Војник убил две лица и отишол на работа – полицијата го упаси

Хрватската полиција објави видео од апсењето…

June 18, 2025

(ВИДЕО) Тамара и Џамбазов ја објавија „Лавиринт“

„Лавиринт“ е новата соработка помеѓу Тамара…

June 18, 2025

РАЗНО

МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: Македонија се сака и почитува со дела, ние не даваме празни ветувања, ние градиме

 Политичарите кои имаат визија, кои гледаат во иднината и кои градат вакви дела, ќе бидат запамтени и никогаш нема да…

May 3, 2025
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Сања Лукаревска со фалсификуван Кембриџ сертификат седум години била директор на УЈП!

Заменик претседателката на опозициската СДСМ, Сања Лукаревска од 2017 година до 2024 година била директорка на Управата за Јавни Приходи…

November 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

Димитров нападнат од непознато лице – му дошол зад грб, го удрил и му се заканил

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска додека се движел со син му од пазарење, бил нападнат од страна…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Откриени нови уникатини камени гробници на Маркови Кули

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“…

June 15, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?