Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и „ја отсликува реалноста на македонскиот народ и македонската држава“.
Лидерот на третиот партнер во владината коалиција, смета дека ако веќе разговараме за промени на грбот или на државните обележја „ќе се отвори една голема дискусија, една голема тема“.
Сите тие симболи нам нѝ значат, вклучувајќи го и лавот и сонцето од Кутлеш, коешто за жал согласно Преспанскиот договор повеќе не е составен дел од таа иконографија, но, како и да е – исто така е и петокраката. Ќе отвориме дискусија, па ќе видиме. Не сакам да отфрлам ништо од самиот почеток, изјави Димитриевски.
Тој посочи дека ЗНАМ сметаат дека не треба да се дозволи од државните обележја да има дополнително наметнување на политиката и партизација.