strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Димитриеска – Кочовска: Останувам на ставот против замрзување на трговските маржи оти не дава резултати
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска – Кочовска: Останувам на ставот против замрзување на трговските маржи оти не дава резултати
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска – Кочовска: Останувам на ставот против замрзување на трговските маржи оти не дава резултати

Објавено October 10, 2024 13:37
strana.mk
Сподели
Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на прес – конференциај по повод 100 дена од работата на Министерството изјави дека останува на својот став против замрзнувањето на маржите оти не носат резултат, бидејќи во државните институции нема капацитет за следење на почитување на мерката и очекува да има промени во тој дел.

-Јас ова веќе го коментирав и го имам исто така изјавено и транспарентно, никогаш не можам да се согласам со таква мерка замрзнување на цени, маржи затоа што се комплетно сложени методологии за пресметка и сметам дека во државните институции нема доволно капацитет којшто може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Но, независно од сето тоа, јас и моето размислување го кажав на Владата, на крај ставот на Владата е тој којшто оди како заедничка одлука и ставот на Владата беше дека ќе се продолжи со замрзнување на трговските маржи со тоа што во периодот којшто следи очекувам да има промени во тој дел и да не продолжиме на истиот овој начин затоа што јас сметам дека ефектите нема да бидат толку големи како што се очекува особено во услови кога имаме ниска инфлација, рече министерката Димитриеска Кочовска на новинарско прашање за нејзиниот став како министер за финансии за мерката за замрзнување на маржите.

Таа подвелече дека го поддржува Законот за нефер трговски практики затоа што смета дека тоа повеќе ќе го регулира пазарот отколку замрзнувањето на маржите.

-Законот за нефер трговски пракитики многу поедноставно може да се следи во однос на она што значи замрзнување на цени. Јас ги побарав билансите, седнав со надлежните, иако моето Министерство не е надлежно за таа работа, компаниите инсистираа да се видиме, јас ги примив, донесоа биланси, потоа седнав со надлежните институиции да разговарам и врз основа на тоа што го увидов повторно стојам на ставот дека оваа методологија не треба да се применува, рече Димитриевска Кочовска.

Таа посочи на решението кое го применувале од Владата на Унгарија, како поприфатливо и посоодветно решение, попуст на конечната цена, од 20 отсто во однос на просечната цена за даден производ добиена со пресек наназад за три месеци.

Прашана дали била осамена во ставот околу маржите и за недостатоците околу двојното толкување на бруто маржата и дали ќе инистира да се доработи таа вели дека таа вели дека нејзиниот став се заснова на анализа на бројки, пресметки и согледување на реалноста.

-Дали сум била осамена или не е ирелевантно, јас сум човек што има став и јас мојот став кога го давам не го менувам така едноставно, затоа што ниедна одлука досега што сум ја донела во животот не сум ја донела ниту избрзано, ниту поради некаков инат, туку само врз база на анализа на бројки, пресметки и воочување на реалност. Ако сум добила податоци за одредена работа и каде што гледам дека сепак профитабилноста не е таква како што компаните или некој друг се потрудил да ја претстави, јас не можам да замижам на тоа и можам да си го кажам својот став. Но независно дали сум била осамена или не, одлуката на Владата е конечна, подвлече Димитриеска Кочовска повторувајќи го мислењето за немање капацитети во администрацијата за следење на мерката и во однос на тоа дали правилно е поставена методологија како да се стигне до таа бруто трговска маржа.

Во однос на законот за нефер трговски практики, рече дека за се може да се разговара, но клучното во однос на овој закон е позицијата на маркетите, дистрибутерите и производните компании.

-За да зборуваме за мерки треба да ја разбереме суштината на бизнисот, маркетите наплаќаат во готово, независно дали е кредитна картичка, дебитна или ќе отидеш со пари, а плаќаат на одложено. Значи кеш флоуто што е клучно, а никој не го гледа, бидејќи е најтешко за разбирање, тука го имаме најголемиот проблем и затоа го поддржувам законот за нефер трговски практики, тој дел треба да се регулира на некој начин, вели министерката за финансии.

TAGGED:Замрзнување цени
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија Поскапува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
Следна статија Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

ЕУ одобри 6 милијарди евра за раст на Западен Балкан: Македонија добива 750 милиони евра

Реформските агенди на Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и…

October 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Редица пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за подигнување на ваучерите за инвертери

Пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ утрово стотици луѓе чекаат ред за да ги земат ваучерите за инвертер клими. Редиците се…

November 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Парното во Скопје поскапува за 5,03 проценти

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Како…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,…

June 14, 2025
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?