strana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е компаниите да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банки
Сподели
Font ResizerAa
strana.mkstrana.mk
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • БИЗНИС
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ПОЛИТИКА
  • ЗАБАВА
Заследи нѐ
strana.mk > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е компаниите да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банки
ЕКОНОМИЈАНАСЛОВНИ

Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е компаниите да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банки

Објавено November 19, 2024 17:25
strana.mk
Сподели
Сподели

Комуникацијата со банките продолжува. Се очекува од нивна страна да се произнесат во однос на каматната стапка и нивната можност таа да биде на пониско ниво и од 3,25%, како и да се утврдат некои детали во однос на критериумите, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ Сител, која истакна дека немало никаков проблем во разговорите со банкарскиот сектор и дека она што не можело да се договори бил рокот на отплата, но дека се најде заедничко решение.

„Со банкарскиот сектор единствено на некој начин не можевме да го договориме рокот на отплата, затоа што секоја банка има интерна процедура за носење одлука која зависи дали станува збор за опрема или градежни објекти. Целта беше да постигнеме заеднички договор со кој би утврдиле кои би биле роковите, односно тие да ги прифататистите услови под кои ние го земавме кредитот, а тоа е 3 години грејс период и 12 години рок на отплата. На тој начин да избегнеме ситуација на одење на клиентите од една во друга банка. И ние во тој дел разговаравме. Во делот на каматата Владата останува доколку може да изнајде начин и да договори со банките на некој начинн и тие да имаат општествена одговорност, а со цел да поттикнеме поголемо инвестирање. Тоа беше намерата на премиерот и во таа насока бараше и банките да одат во делумно субвенционирање на каматата, коешто ако ги поглденеме сите кредитни линии што оделе од Развојната банка биле субвенционирани од Владата вклучително и онаа последна којашто е донесена како одлука од претходната Влада на 25.07.2023 година и со која се субвенционира од Владата, но каматата ја намалува за 1 п.п. кој го финансира банкарскиот сектор. Не нудевме ништо празлично од тоа што досега го имало претходно со Развојната банка. Премиерот имаше еден нов предлог и ќе видиме како ќе се произнесат банките. Ние секако ќе ја субвенционираме каматата и да видиме колку пониско ќе можат банките да ги пласираат средствата дури и под 3,25%“, рече министерката.

Таа потенцира дека не станува збор за субвенционирање на каматата на компаниите кои ќе ги земат кредитите, туку дека фирмите ќе платат пониска камата од она што е сега просечна по која ги добиваат средствата од банките.

„Фирмите ќе ја платат каматата која ќе биде пониска од она што во моментот го добиваат од комерцијалните банки, а тоа е просечно 4,9%. Можноста е сега тие да добијат пониска камата од 3,25% и таа да биде максимумот по кој би ги добиле средствата приватниот сектор“, рече министерката и потенцира дека никогаш не станало бор дека Владата ќе ги плати каматите на фирмите. „Целта, рече, е да се обезбедат поевтини кредити и да плаќаат пониска камата.

Во интервјуто министерката се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година за кој од денеска во рамки на Комисијата за финансирање и буџет почнува амандманската расправа.

TAGGED:Димитриевска Кочовскакамата
Сподели ја оваа статија
Email Copy Link Print
Претходна статија (Видео) Еве колку е загаден воздухот во Скопје
Следна статија Прилепчани уплатиле пари на скопјанец за работа во Германија: Останале без пари и без работна виза

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчестите знаци на анксиозност кај децата

Анксиозноста кај децата честопати не е толку очигледна како кај возрасните. Наместо…

August 4, 2025
Допаминот во нашиот мозок не функционира како што се сметаше досега

Допаминот е еден од најпознатите хемиски гласници во мозокот, но научниците продолжуваат…

August 4, 2025

Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

Украинскиот режим го издигна неонацизмот на…

September 23, 2025

Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска…

September 23, 2025

Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа

Зоран Николов успеа да го совлада…

September 20, 2025

Тројца уапсени, еден во бегство – фрлиле бомба во двор од куќа во Битола

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола…

September 20, 2025

РАЗНО

ЕКОНОМИЈА

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата на брза трака за развој, 50.5 милијарди денари за капитални инвестиции

Буџетот за 2025 година, предложен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел да генерира засилен економски раст.…

November 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

Синоќа во Солун беше остварена средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНИ

Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот јазик и македонскиот идентитет од извештајот на ЕП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми…

July 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е постигната историски највисока цена на откупна цена на тутун по килограм од 400…

December 14, 2024
strana.mk

News

  • Advertise

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • „Вујо мајсторе“ испушти победа против Холандија
  • About Us
  • Blog
  • Blog
  • Contact
  • Contacts
  • Courses
  • Customize Interests
  • Events
  • Home
  • Member Login
    • Password Reset
    • Profile
  • My Bookmarks
  • Our teachers
  • Registration
  • Single Course
  • Strana.mk
  • Time Home
  • Time Home 2
  • Time Home 3
  • Time Home 4
  • Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА
  • Ноле: Се мачев да земам здив, веќе немам 19 години
  • Саша Поповиќ пред да умре на ќерката и купил стан за да биде поблиску до неа

Subscribe

  • Home Delivery
  • Digital Subscription
  • Games
  • Cooking

© СТРАНА.МК.  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?