Растот на приходите поради борба со корупција и криминал, предмети кои во скоро време ќе почнат да излегуваат каде што точно се гледа колку штети има на буџетот. Буџетот на Владата е зголемен точно заради колегата Фатмир Битиќи којшто потпишуваше договори за инвестиции и поддршка на инвестиции на приватен сектор за којшто исто така има предмети и ревизии – изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на денешната Комисија за финансирање и буџет.
Димитриеска Кочоска посочи дека и покрај тоа што СДС го уништеле ЕСМ и им служело како основ за да може да ги наполнат сопствените џебови, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е пример за домаќинско работење и коректор на лошите политики од минатото.
И за сметка на тоа што ЕСМ го уништувавте и крадевте, ние сега напротив имаме многу подомаќинско работење и тие проекти ќе одат од таму, тие не се дел од буџетот, требало да ви кажат дека не влегуваат во буџетот, тоа се акционерски друштва коишто немаат врска со буџетот. А во однос на квалитетот на воздух, да не се грижите. Министерството за животна средина има уште еден цел буџет во делот на сопствени приходи и тоа се прави со проширување на буџет во тековна година – децидна беше Димитриеска – Кочоска.
Исто така таа додаде дека веќе предвидени се доволно средства за реализација на серија активности. Димитриеска – Кочоска особено го истакна и делот на исплатата и пресметката во однос на активните и пасивните саати којашто се вршела кон докторите. Напомена дека ваквиот случај е предмет на ревизија кој дополнително ќе се разгледува и дискутира.
Ќе има проекти, ќе се прошируваат и има доволно средства за реализација на истото. А во однос на платите на докторите она што регуларно сте го направиле неспорно е, меѓутоа во однос на активните и пасивните саати и начинот на пресметка тоа е предмет на ревизија исто така што ќе се дискутира – заклучи Димитриеска – Кочоска.